Македонија
Уште двајца судии се спогодија со Обвинителството
Уште двајца судии од Одделението за прекршоци во Основниот суд Скопје 1 се спогодиле со Јавното обвинителство. Едниот судија бил во пензија, додека другиот активно ја извршувал функција кога бил уапсен.
„Осомничениот судија во пензија се спогодил со надлежниот обвинител за кривичното дело што го сторил да му биде изречена казна од една година затвор , којa нема да се изврши доколку во време од три години осомничениот не стори ново кривично дело. Надлежниот обвинител од Oсновното јавно обвинителство Скопје склучи спогодба и со осомничено лице – судија за стореното кривично дело – Несовесно работење во службата. Прифаќајќи ја склучената спогодба, судијата од надлежниот Основен суд Скопје 1 – Скопје изрече Пресуда со која осуденото лице го казни со казна затвор во времетраење на две години која нема да се изврши, доколку во рок од четири години осуденото лице не стори ново кривично дело“ , соопштуваат од Обвинитеслтвото.Досега вкупно пет судии и еден судски службеник, уапсени во полициската акција „Јустиција“, се спогодија со Јавното обвинителство и добија условни казни. Во акцијата „Јустиција“, ланскиот октомври, беа приведени и беа поднесени кривични пријави против 14 судии од Одделението за прекршоци во Основен суд Скопје 1 и против 11 судски службеници од истиот Суд, осомничени за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.Според кривичната пријава, судиите и службениците со неизвршување на службената должност нанеле штета на Буџетот од 1.308.515 евра за ненаплатена, а пресудена глоба, како и 3.773.500 денари за ненаплатен, а претходно пресуден паушал./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

