Македонија
Vakcinacija.mk достапна и на албански јазик, 46.023 лица ја пополниле апликацијата
Министерството за здравство информира дека веб-страницата vakcinacija.mk, на која граѓаните може да искажат заинтересираност за вакцинација против Ковид-19, е достапна и на албански јазик на следниот линк: https://vakcinacija.mk/alb/.
Веќе 46.023 лица ја пополниле формата за аплицирање на оваа веб-страница. „На овој начин граѓаните се регистрираат во електронскиот систем „Мој термин“, а матичниот лекар може да го види податокот за секој пациент“, информираат од Министерството за здравство.
Во нивното известување е наведено дека преку оваа апликација граѓаните искажуваат само интерес, но не и закажување за термин за вакцинација. Од ресорното Министерство појаснуваат дека „Мој термин“ го утврдува датумот и часот за вакцинирање во согласност со фазите шот се содржат во Националниот план за имунизација на населението во земјата.
„Вчера, во Северна Македонија пристигна првата пратка од 4.680 од вкупно 8.000 вакцини на „’Фајзер’ против Ковид-19 од Република Србија. Во текот на денешниот ден ќе заврши и регуларната процедура во МАЛМЕД, а од среда вакцинацијата почнува со здравствените работници во модуларната клиника во Клиничкиот центар во Скопје“, известуваат од МЗ.
Според нив, вакцинацијата ќе се одвива на пет вакцинални позиции, а во тимовите за имунизација ќе има медицински сестри и лекари. Модуларната болница ќе работи во две смени, од 8 до 20 часот, известуваат од Министерство за здраство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со врнежи од дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Намалена видливост поради магла кај Плетвар, Крушево, Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег на планинските премини Ѓавато и Буково без задржување на коловоз.
Намалена видливост до 50 метри и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 м. Стража до 80м. и на патниот правец Тетово – с.Лисец до 80 м, јавува АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21 ноември е затворен за сообраќај за сите видови возила.
Македонија
Променливо облачно време во Македонија – утре дожд и снег, нов бран врнежи од вторник
Времето утре променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на некои повисоки места и на планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Во понеделник и во вторник преку денот времето ќе биде стабилно и суво. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат нови врнежи претежно од снег.

