Македонија
Вељаноски го честита празникот Св. Климент Охридски
Со особена чест и задоволство, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, Вам, г.г. Стефан, на членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и на сите православни верници, Ви упатувам искрени честитки по повод големиот христијански празник Св. Климент Охридски, вели претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.
„Празникот посветен на Свети Климент Охридски е почитување и уважување на делото на духовниот водач на Македонскиот народ во историјата. Неговиот труд е безвременски, тој е придонес за христијанските вредности и македонската национална култура. Создавањето на кирилското писмо кое просветли многу народи и стана движечка сила во христијанската богослужба е дел од плодовите на неговата работа кои како денес, така и во иднина ќе останат врежани во нашето историско наследство. Кога го празнуваме овој голем просветител да се потсетиме дека успешно ја продолжи мисијата на Светите браќа Кирил и Методиј во описменување и јакнење на христијанството кај луѓето, ја создаде Охридската архиепископија и Охридската книжевна школа кои се цивилизациски почеток на една светла епоха на ширење на христијанската вера“, додава Вељаноски.
Тој посака денешниот христијански празник посветен на Свети Климент Охридски да бидe водилка за уште поголеми достигнувања и промовирање на воспоставената традиција на заедничко почитување и помагање./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) „Општината молчи додека ‘Зимзоленд’ незаконски работи“, велат од партијата Левица
„Недозволиво и крајно алармантно е што општинските власти и понатаму молчат, иако е утврдено дека објектот „Зимзоленд“ работи без соодветна дозвола. И покрај ова, објектот сè уште е отворен и секојдневно посетуван од деца и семејства, без никаква реакција од општинските власти“, велат од партијата Левица.
„Фактот што станува збор за објект наменет за најмладите ја прави состојбата уште посериозна. Наместо итна интервенција и постапување согласно законските обврски, општината избира молк и неактивност, со што директно се доведува во прашање безбедноста на граѓаните, особено на децата.
Законот мора да важи еднакво за сите, без исклучоци и привилегии. Секое одложување на постапката претставува преземање на ризик и префрлање на одговорноста, која во случај на несреќа нема да може да се избегне.
Бараме итна интервенција од надлежните служби и затворање на објектот сè додека не се обезбедат сите потребни дозволи и безбедносни услови. Молкот на општината во вакви случаи ја прави истата соучесник во криминалот“, се додава во соопштението на партијата Левица.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

