Македонија
Вељаноски: Собранието исполни сé од договорот од Пржино

Претседателот на македонското Собрание, Трајко Вељаноски, се сретна во понеделникот со известители на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите-членки на Советот на Европа, при што ги информираше дека законодавниот дом ги исполнил своите обврски во врска со ткн Пржински договор за надминување на политичката криза во земјата.
На средбата со Вељаноски присуствуваа европратениците Лисе Кристоферсен и Валериу Гилечи, како претставници на Советот на Европа, и Александар Николоски, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа.Осврнувајќи се на актуелната состојба во земјата, претседателот Вељаноски ги информираше претставниците на Советот на Европа за донесената одлука за распуштање на парламентот, која е резултат на политичкиот договор за излез од политичката криза. Претседателот Вељаноски информираше дека одлуката за распуштање е донесена со мнозинство гласови од страна на Собранието и ќе се применува од 24-ти февруари.Известителите покажаа интерес за тоа какво влијание ќе има оцената на Европската унија, која се очекува да биде соопштена наскоро, и какви чекори ќе бидат преземени доколку таа оценка е негативна во однос на подготвеноста на државата за одржување на фер и демократски избори и евентуално да укажува на одложување на датумот на одржување на изборите.Вељаноски e уверен дека оцената на ЕУ ќе биде соодветно примена од страна на четворицата лидери на најголемите политички партии и очекува исполување на договорот на политичките лидери, а со тоа и одржување на изборите на договорениот датум. Рече дека главната цел е одржување на регуларни и фер избори со учество на сите политички субјекти во земјата. Ја истакна, исто така, важноста на законодавниот дом во демократските процеси и смета дека неговото невклучување во преговорите за излез од кризата се покажа како недостаток.Гостите беа заинтересирани за реализирањето на договорот од Пржино од страна на Собранието, притоа споменувајќи ги критиките на опозицијата за делумно реализирање. Вељаноски во прилог на овие прашања образложи дека обврските произлезени од договорот, а кои се однесуваат на Собранието, се реализирани и покрај одредени отстапки во однос на роковите.Според него, дополнителен предизвик за земјата и за Европа е бегалската криза, за која верува дека со заеднички напори со ЕУ, ќе успееме да се справиме. Тој потенцираше дека Македонија, која цели кон целосна интеграција во европските институции, ќе ја почитува секоја одлука на Европската комисија која не е на штета на државата./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Судот го забрани штрајкот на контролорите на летање

Судот го забрани штрајкот на контролорите на летање, соопшти М-НАВ АД Скопје.
„Основниот граѓански суд Скопје на 16.10.2025 година донесе решение со кое се усвојува предлогот на М-НАВ АД Скопје за изрекување на привремена мерка – забрана на најавениот штрајк од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ-подружница на Независниот синдикат на работниците од сообраќајот и врските на РСМ Скопје“, се наведува во соопштението.
Според М-НАВ АД Скопје, со оваа одлука, Судот утврди дека најавениот штрајк е спротивен на законските одредби бидејќи не била спроведена постапката за мирно решавање на колективните споровои, како и дека штрајкот не произлегува од конкретни барања од работен однос.
„М-НАВ АД Скопје го поздравува решението на Судот и ја нагласува својата определба за почитување на законитоста, континуирано обезбедување на безбедност и непречено функционирање на воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението.
Македонија
Османи: Две нови современи градинки во Чаир со голем капацитет за сите деца да посетуваат претшколско образование

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција претстави проекти за изградба на нови современи градинки.
„Чаир има недостиг од градинки, недоволни капацитети и услови што не одговараат ниту на основните потреби на децата во најкритичниот период од нивниот развој. Имаме градинки каде што три деца делат еден кревет, каде условите во кујните и тоалетите се мизерни, а родителите сами купуваат материјали за своите деца. Тоа мора да се промени“, изјави Османи.
Тој најави изградба на две нови големи градинки со современи стандарди, подготвени од светски познатиот архитект Мишел Ројкинд.
Градинка „Снежана“ е проект кој е мултифункционален и се протега на 40.000 м² на улицата Џон Кенеди.
„На еден простор ќе имаме три функции: паркинг, градинка и училиште со игралиште. Чаир е мала општина и секој метар мора да се искористи паметно и во служба на граѓаните“, истакна Османи. Тој појасни дека подземниот паркинг на две нивоа ќе биде со капацитет од 1.000 паркинг-места.
Градинка „Росица“, пак, е исто така проектирана како современ објект со три нивоа подземен паркинг и голем капацитет.
„Градинка, „Росица“, ќе се гради на површина од 20.000 м² и ќе вклучува: современа градинка со нови услови за престој, исхрана и игра, подземен паркинг на три нивоа со над 520 паркинг-места, како и со простор за игра над објектот, со цел рационално користење на секој квадратен метар во Чаир“, истакна Османи.
Со овие два проекти, ќе го решиме хроничниот проблем со капацитетите на градинките во Чаир и ќе создадеме современи и безбедни простори за нашите деца, додаде Османи.
Тој потсети дека веќе има лично искуство во реализација на вакви проекти, бидејќи токму тој ја обезбеди изградбата и финансирањето на најголемата градинка во Чаир „Бамби“, како министер и член на Владата.
„Јас го започнав овој процес пред години, а сега го продолжувам со визија за секое дете во Чаир да има свое место во градинка“, порача Османи.
Македонија
Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17, во 19 и во 22.30 часот.
Од таму велат дека се врши проверка дали станува збор за намерен упад во мрежниот систем поради постојните сомнежи за пробивање на заштитниот механизам од надворешни напади и влијанија.
Од МРТВ наведуваат дека во расветлувањето на случајот ќе бидат вклучени сите надлежни државни институции.
„Јавниот сервис им се извинува на граѓаните за неможноста да ги следат централните информативни изданија на нашата програма. Македонската радио-телевизија ќе продолжи да известува навремено и објективно, во интерес на јавноста“, се наведува во соопштението.