Македонија
Вељаноски: Сплотени да ги остваруваме нашите највисоки цели
По повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, на сите граѓани на Република Македонија од свое лично име и од името на Собранието на Република Македонија им го честитам овој голем празник, се вели во честитката од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
„Чествувајќи го денешниот ден, како празник на нашата нација и држава, го одбележуваме делото на една организација која имаше цел да ја сплоти исконската желба за слобода на Македонија и македонскиот народ. Славејќи ја нивната пожртвуваност за слободна и независна Македонија, уште еднаш потврдуваме дека нашиот народ продолжува да чекори напред“, пишува во честитката.Вељаноски понатаму порачува денес да бидеме горди и да ги прославуваме сите важни триумфи и национални настани, и заедно сплотени да ги остваруваме нашите највисоки цели. „Нашиот заеднички цврст став е клучот за надминувањето на сите обиди за згаснување на македонскиот национален идентитет. Сите заедно сплотени да работиме и да изградиме силна држава со развиен демократски и економски просперитет за сите граѓани во Република Македонија“, истакна претседателот на Собранието. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

