Македонија
Вељаноски: Уставот не дозволува свикување Собрание
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, потврди дека во средата добил иницијатива за свикување итна седница, но вели за тоа со Одлука на Уставниот суд од 2006 година, нема можност.
„Денеска примив Иницијатива со која се бара свикување на итна седница на Собранието за покренување на постапка за утврдување на одговорноста на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Во консултација со стручната служба на Собранието, а во согласност со едногласната Одлука на Уставниот суд на Република Македонија објавена во службен весник број 127 од 5 декември 2006 година, цитирам: ‘Со Уставот не е утврдено мандатот на пратениците во Собранието да продолжи во случај на распуштање на Собранието, ниту е предвидено во таков случај тие да продолжат со должноста“, јасно произлегува дека по распуштање на Собранието, јас како претседател немам уставна или законска можност да закажам седница на Собранието на Република Македонија. Верувам дека ова добро го знаат колегите пратеници“, ја пренесува изјавта на Вељаноски неговиот Кабинет.„На крајот, сакам лично како човек и како пратеник да истакнам дека ниту сум побарал, ниту ја прифаќам одлуката за аболиција на Претседателот на Република Македонија, г. Ѓорѓе Иванов. Но, исто така сметам дека секоја јавна личност и политичар, вклучувајќи го и Претседателот на државата треба да сноси одговорност за своите постапки и за своите одлуки“, додава Вељаноски./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

