Македонија
Венци со свежо цвеќе и почесна артилериска средба во пресрет на 18 Август – Денот на АРМ

Армијата на Република Македонија(АРМ), во рамки на одбележување на 18 Август – Денот на АРМ, во среда реализира повеќе активности.
Според програмата, предвидено е полагање на венци со свежо цвеќе од страна на делегации од МО и ГШ на АРМ на на партизанските гробишта, пред гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, на починатиот претседател Киро Глигоров, на гробот на генерал Михајло Апостолски, како и пред спомен обележјето на загинатите бранители од 2001 година на платото пред главниот влез на МО и ГШ на АРМ.Покрај тоа, во касарната „Илинден“, Скопје, во 19:30 ќе се реализира почесна артилериска средба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија, од страна на единица на артилерискиот баталјон на АРМ. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар во околината на Битола

Од Центарот за управување со кризи инфморираат дека во Битола гори големо стрниште а екипите на ТППЕ Битола се на лице место.
Огнот од стрништето се пренел и на трската и останатата вегетација покрај реката Црна поради што е видлив од далеку, соопшти Стојанче Ангелов.
Како што појасни гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката Црна.
„Нема опасност по населени места. ТППЕ Битола се обидува да го изгасне“, вели Ангелов.
Македонија
Телефонски броеви и информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство, објави Муцунски

Преку социјалните мрежи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски објави како што пишува, важни информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство.
„Сите семејства на пациентите кои имаат потреба од превоз, сместување или дополнителна поддршка можат да се обратат на 070-270-370. Трошоците за оваа намена се целосно покриени од Владата.
Нашите дипломатско-конзуларни претставништва се на располагање за секоја неопходна помош, а за итни прашања достапни се и дежурните телефонски броеви: 075/273-732 и 075/268-736“, информира Муцунски.
Македонија
Сашо Стошевски назначен за нов директор на општата болница Куманово

Сашо Стошевски, досегашниот директор на подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување е назначен за нов директор на општа болница Куманово.
На функцијата директор на кумановската болница доаѓа откако вчера министерот за здравство Арбен Таравари го разреши Стефан Трајановски.
Стошевски е вработен во Фондот за здравствено осигурување во Куманово, каде лани беше назначен и за директор.