Контакт

Македонија

(Видео) Кузеска: Мицкоски ја ангажира израелската „Black Cube“ – фабриката на Орбан за валкани афери

Објавено пред

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски во паника ја ангажирале  „Black Cube“ приватната израелска компанија, која Кузеска ја нарече Орбановата фабрика за валкани афери.

„Вчера Алфа телевизија, дел од мрежата на Орбановите медиуми, објави уште една таканаречена ‘ексклузивна’ афера против претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Ништо ново. Дел од систематска, валкана операција која ја води криминалната група ВМРО со помош на приватната израелска компанија ‘Black Cube’, која ја нарекуваат и ‘приватен Мосад’. Тоа е истата компанија која Орбан ја користи со години, а ја донесе и за Мицкоски во Македонија“, тврди Кузеска.

Таа вели дека ВМРО-ДПМНЕ наместо да одговарат за економската катастрофа, за застојот на европскиот пат и за криминалните тендери, тие прават сè за да го дискредитираат СДСМ и да го дефокусираат вниманието на граѓаните. Кузеска вели дека поддршката на ВМРО-ДПМНЕ паднала за над 150.000 гласа.

„’Black Cube’ е приватна фирма составена од поранешни израелски разузнавачи, позната по тајни снимки, фабрикување афери и валкани политички операции, особено во Унгарија и Словенија. Орбан ја ангажирал ‘Black Cube’ пред изборите 2018 и 2022 година, како и оваа година пред изборите кои ги изгуби. Медиумите ширум Европа пишуваа за нивните активности, како нивните агенти со лажни идентитети и лажни компании мамеле активисти и новинари, тајно ги снимале, а снимките потоа се пуштале во провладини медиуми за да се дискредитира невладиниот сектор и политички неистомисленици. Еве дел од тие натписи. Оваа година биле задолжени за Петер Маѓар, идниот премиер на Унгарија. Сакале да објават снимки од неговата спална соба и да направат лажна афера“, рече Кузеска.

Таа рече дека пред неколку недели, пред парламентарните избори во март оваа година, „Black Cube“ повторно интервенирала, овој пат во Словенија, во интерес на Јанес Јанша. „Словенечката влада ова го квалификувала како директно странско мешање во изборите“, рече Кузеска.

Таа вели дека претставници на „Black Cube“ имале состанок со претставници од ВМРО и со еден голем бизнисмен, близок до Христијан Мицкоски и финансиер на ВМРО, во луксузен хотел во Скопје.

„Ние нема да дозволиме ‘Black Cube’. Орбан и Мицкоски да ја одредуваат иднината на Македонија. Бараме од Обвинителството да отвори истрага за ангажирањето на ‘Black Cube’ од страна на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Јавна објава сите странски операции на територија на државата. АНБ ова не смее да го дозволува“, рече Кузеска.

Најново

Македонија2 часа

Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар, ЗНАМ и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги отфрли обвинувањата од „ЗНАМ“ и советникот на Левица, Куцуловски, дека имало цензура на...

Спорт2 часа

Тотенхем во историска криза: Четири кола, нула победи и нула голови

Тотенхем по четири рунди во Премиер лигата е единствениот тим што не успеал да постигне гол. Вечерва, Тотенхем одигра 0:0...

Спорт3 часа

(Видео) Милан со блиц криг до бод против Лацио

Лацио и Милан одиграа 2:2 во четвртото коло на Серија А на „Олимпико“. Домашниот тим имаше предност од два гола...

Македонија3 часа

(Видео) Подметнат е пожарот во Шутка: доаѓаат со тротинети, потураат течност, палат и си одат

Безбедносна камера снимила две момчиња кои, според снимката, доаѓаат со електрични тротинети пред неколку дуќани во Шуто Оризари, го потпалуваат...

Спорт5 часа

(Видео) Попладне на гостинските тимови во Премиер лигата

Воведните пет натпревари од четвртото коло од Премиер лигата, минаа во знакот на гостинските тимови, не им дозволија победа на...

Спорт5 часа

(Видео) Фрајбург го растури Менхенгладбах, сигурни победи на Дортмунд и Ајнтрахт

Пет натпревари од 3. коло од Бундеслигата беа одиграни попладнево, а натпреварите беа одбележани со голови, пресврти, но и убедливи...

Македонија5 часа

Досега регистрирани 138 шумски пожари во државава, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра

Јавното претпријатие „Национални шуми“ досега има регистрирано 138 шумски пожари. Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов вели дека...

Спорт6 часа

Фантастична круг и пол позиција за Ландо Норис

Возачот на Мекларен, Ландо Норис ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Шпанија, која се...

Македонија6 часа

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата „Конрад Аденауер“

Економскиот напредок на Македонија, ефективното владеење на правото и подобрата комуникација со граѓаните биле во фокусот на тридневниот настан, организиран...