Македонија
Владимир Панчевски замина од функцијата претседател на скопскиот кривичен суд и замина на одмор
Владимир Панчевски, кому во неделата и формално му заврши функцијата претседател на Основниот суд Скопје 1-Скопје, во понеделник не се појавил на работа.
Извори блиски до кривичниот суд велат дека Панчевски зел годишен одмор, но дека неговиот кабинет е испразнет, што само ја подгрева шпекулацијата дека мали се шансите тој да се врати на истата позиција.
Неприсуството на Панчевски, сепак, не е главна тема меѓу вработените, туку разно-разни имиња кои преку социјалните мрежи им нуделе пријателства и укажувањата како тие треба да гласаат на претстојните парламентарни избори.
Од профил на едно такво лице протекоа и фотографии од судењето на екс-началникот на УБК, Горан Груевски. Проблемот е во тоа што фотографиите се од снимки направени од камерата на судот.
Владимир Панчевски, заедно со судиите Иван Џолев и Владимир Туфегџиќ, е еден од кандидатите за претседател на најголемиот суд во државава, но со оглед на неговите слаби оценки и кривичните пријави кои беа поднесени против него, мала е веројатноста дека Судскиот совет ќе му даде уште една шанса.
Инаку, во понеделник, на седница, Судскиот совет најверојатно ќе избере в.д претседател на кривичниот суд./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

