Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба за прифатениот приговор од ДИК

Објавено пред

 

ВМРО-ДПМНЕ како предводник на коалицијата За подобра Македонија, во недела вечер, до Управниот суд поднесе тужба против решението на Државната изборна комисија со кое се уважи приговор на подносителот, политичка партија Движење БЕСА и се поништија резултатите од гласањето по листите на кандидати за избор на пратеници во Собранието на гласачко место бр. 0396/1, во општина Гостивар изборна единица 6.

„Ваквата незаконска одлука на Државната изборна комисија директно влијае на вкупните изборни резултати на штета на коалицијата За подобра Македонија и ја оспорува јасно изразената волја на мнозинството од македонскиот народ. Во рамки на тужбата, правната служба на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија приложи бројни докази и аргументи со кои се потврдува незаконитоста и неоснованоста на одлуката на Државната изборна комисија„, се вели во партиското соопштение.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ повикува да не се врши притисок врз Управниот суд од никого и судиите да одлучуваат исклучиво врз основа на закон, а секое поинакво постапување сметаат дека би било фалсификување и крадење на јасно изразната волја на граѓаните со пост изборен инженеринг./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Пост ковид пацинети ќе се рехабилитираат во Центарот за белодробни заболувања во Отешево

Објавено пред

ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на белодробни заболувања Отешево подготви дел наменет за пациенти за пост ковид рехабилитација. Оваа болница е единствена од ваков вид во државата за пулмонална и физикална рехабилитација која постои и работи 40 години. Оваа болница е воздушна бања, односно е сместена помеѓу двата национални паркови Галичица и Пелистер, покрај Преспанското Езеро.

„ Голем дел од пациентите кои имале ковид се соочуваат со потешкотии во дишењето и движењето и истите полесно би се надминале со стручна помош односно со респираторни и физикални вежби. Резултатите од оваа рехабилитација имаат голем бенефит по здравјето на овие болни и оваа рехабилитација претставува важен сегмент во здравствениот систем. Процесот на рехабилитација во оваа Институција се спроведува согласно најновите протоколи и програми за пост ковид рехабилитација“ соопшти Министерството за здравство.

Како што се наведува, тимот е составен од специјалист по физикална медицина, специјалист по интерна медицина, субспецијалист пулмолог и физиотерапевти. Секој пациент ќе добие индивидуален пристап во зависност од неговата состојба. Рехабилитацијата трае различно во зависност од здравствената состојба на пациентот, со цел да се подобри респираторната функција, да се воспостави побрза вертикализација и враќање во нормалниот живот.

„ Најчестите симптоми на кои се жалат пост ковид пациентите се отежнатото дишење, мускулната слабост, малаксаност, болки во коските и мускулите, а со тоа и нарушен квалитет на живот. Овие пациенти имаат потреба од функционални физички и респираторни вежби. Тимот за физикална рехабилитација преку примена на соодветни мерења и тестирања врши проценка на пулмоналниот и физичкиот статус на болниот, мерење на срцева фреквенција, мерење на гасни анализи пред и после физичката активност. Според овие резултати тимот составува соодветен програм со кој го води пациентот низ процесот на рехабилитација“ објаснуваат од министерството.

Како водечки сегмент е респираторната рехабилитација со вклучување на вежби за дишење, вежби во природа и прошетки покрај езеро во придружба на физиотерапевт, специфични вежби, апарати за физикална терапија за зајакнување на мускулна маса на болниот. Целта е да се намалат респираторните потешкотии, да се ублажат симптомите,да се контролира анксиозноста, да се намалат компликациите и на крај да се подобри квалитетот на животот.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Отворен зелениот покрив на Домот на градежници

Објавено пред

Градот Скопје во соработка со УНДП го уреди вториот зелен покрив во строгиот центар на градот – покривот на Домот на културата „Кочо Рацин“, попознат како Домот на градежници. Според проектот, на површина од речиси 400 квадратни метри се засадени над 30 различни видови садници – дрвја, средно и ниско зеленило кое е функционално распоредено, има тревна површина и вертикално зеленило на ѕидовите, а поставени се и клупи и канделабри.

Ова ново зелено катче денеска и официјално го отворија за посетители градоначалникот Петре Шилегов, постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Нарине Сахакјан, заменик-амбасадорот на Холандија во нашата земја, Роберт Декер, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

„ По фантастичното искуство што го имавме со отворањето на зелениот покрив на Градскиот трговски центар ова е втора ваква површина што како јавен простор ја ставаме на користење за граѓаните. Таа се наоѓа во Малиот ринг, онаму каде што и тоа како ни е потребно зеленило. Постарите генерации скопјани се сеќаваат дека токму на овој простор се наоѓало летно кино, а граѓаните од околината можеле да уживаат во кинопретстави. Тоа е всушност и идејата на Градот, на оваа површина во текот на летниот период да организираме мини отворено кино, таканаречено немо кино во кое со слушалки ќе се гледа претставата, за да не пречиме на соседството. Ем ќе ги вратиме спомените, ем ќе го облагородиме овој простор“, рече градоначалникот Шилегов.

Проектот за изградба за зелениот покрив на Домот на градежници е финансиран од буџетот на Град Скопје во вредност од околу 18,5 милиони денари, а имплементиран е во соработка и со поддршка на УНДП.

Според постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан, сè повеќе луѓе во светот живеат во градовите, тоа создава голем притисок врз животната средина и отвора предизвици за локалната самоуправа, па затоа УНДП секогаш се обидува да помогне.

„Поканете што повеќе луѓе да го посетат овој простор, да организираат настани, да дојдат со семејствата особено во овој период на ковид кога сите сакаме да излеземе на отворено“, рече Сахакјан.

Прикажи повеќе...

Македонија

Вчера се вакцинирале 9.721 граѓани

Објавено пред

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 175.620 граѓани.

Од Министерството за здравство соопштија дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 376.987 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 7.445 граѓани, а вкупно се вакцинирале 9.721 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 207.219 дози вакцини, а ревакцинирани се 2.276 граѓани. Со последните бројки 40 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина и 33 проценти од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

Дипломат од руската амбасада во Македонија прогласен за непожелна личност

Министерството за надворешни работи одлучи да прогласи еден дипломат од руската амбасада за непожелна личност и тој треба да ја...

Македонија1 час

Џамбаски го критикува хрватскиот претседател поради Македонија: „Тој зазема страна во спорот, ова е антибугарска кампања“

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски остро го критикуваше хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој, како што рече, ја обвини Софија за мешање...

Топ3 часа

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Скопје, неколку лица завршија во болница

Синоќа во 23:50 часот, десетина минути пред почетокот на полицискиот час, во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа на  крстосницата кај...

Македонија4 часа

Пристигна нова пратка од 9.360 дози вакцини на „Фајзер“

Министерството за здравство соопшти дека вчера во нашата земја стигнаа 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“. „Од нив 4.680 се...

Свет4 часа

(Видео) Израел го гранатираше Либан, поради одмазда истрела 22 гранати

Израелската армија ја гранатираше територијата на Либан како одмазда за истрелувањето на неколку ракети од нејзината територија кон Израел. Шест...

Македонија4 часа

Пендаровски и бугарскиот претседател заедно ќе заминат во Рим на чествувањето на Кирил и Методиј

Претседателот Стево Пендаровски и бугарскиот претседател Румен Радев заеднички ќе оддадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј...

Свет5 часа

Денеска во Брисел вонреден состанок на ЕУ за конфликтот во Газа

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ќе одржат вонреден состанок на кој ќе биде...

Свет5 часа

Во налет на циклонот во Индија загинаа најмалку 21 човек, исчезнати се 96 луѓе

Најмалку 21 човек загинаа, а 96 се водат за исчезнати во голем удар на циклон во западна Индија, носејќи им...

Свет5 часа

Израел ја уништи единствената лабораторија за испитување коронавирус во Газа

Со денови се интензивираат судирите меѓу Израел и Палестина, а во еден од нападите на Појасот Газа израелските сили ја...

Свет6 часа

Испалени над 90 ракети од Појасот Газа кон Израел

Во текот на ноќта од Појасот Газа беа истрелани околу 90 ракети кон Израел, објави израелската армија. Се наведува дека...

Регион19 часа

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за...

Македонија19 часа

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија19 часа

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа19 часа

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија22 часа

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Економија1 ден

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет1 ден

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Македонија1 ден

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и...

Свет1 ден

(Видео) Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел...

Свет1 ден

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Досие