Македонија
Во 2016 година Мисајловски ќе реализира повеќе од 200 проекти
Пет нови експресни патишта ќе се градат во 2016 година и ќе се реконструираат шест регионални патни правци, а во отчетот на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски спомна и најави уште 200 проекти, некои почнати, а некои кои се планирани за следната година.
Според министерот, 2015 година била најуспешна година на Министерството за транспорт и врски, која ќе биде запаметена по најголем број на инвестиции во транспортот во историјата на независна Македонија. Мисајловски рече дека делот на патната инфраструктура активно се работело на околу 400 километри патна мрежа, на изградба на три нови автопати, а воедно се реконструирале и уште две автопатски делници во вкупна должина од 165 километри или инвестиција од околу 800 милиони евра.„Со засилено темпо работевме на изградбата на автопатот од Демир Капија до Смоквица, во должина од 28 километри и инвестиција од 210 милиони евра. Очекуваме овој автопат да го завршиме крајот на следната година. Вториот автопат од Кичево до Охрид претставува најголема инвестиција до сега, изградбата чини 374 милиони евра. До крајот на оваа година завршени се 14 %од градежните работи. Интензивно продолживме со изградба и на автопатот од Скопје до Штип во должина од 47 километри и инвестиција од 206 милиони евра“,рече Мисајловски.Во соработка со Делегацијата на Европската Унија, оваа година завршена е реконструкцијата на автопатската делница од Велес до Катланово со должина од 23 километри и инвестиција од 6,6, милиони евра.Само пред неколку денови започна реконструкцијата на делницата од Смоквица до Гевгелија во должина од 10 километри и инвестиција од 4,2 милиони евра. Во завршна фаза е отпочнувањето на реконструкција на делницата од Скопје до Куманово, инвестиција од 16 милиони евра.Во 2015 година започна реконструкција на следниве регионалните патишта: Битола Ресен Буково, Ново Село до Маврово, од Мокрино до Смолари , од Нов Дојран до Николиќ, Тетово- Брвеница – Гостивар, од Бошков мост до Дебар, од Делчево до Голак, Мелнички мост до Центра Жупа и Кривогаштани до Воѓани.„Следната година ќе продолжиме со уште позасилено темпо бидејќи ќе започнеме изградба на 5 експресни патишта а воедно ќе започнеме со рехабилитација на уште 6 регионални патишта, што значи дека следната година активно ќе се работи на вкупно 24 регионални патишта и 7 автопати со вкупна должина од околу 600 километри“, рече министерот.Во делот на локалната мрежа во 2015 година завршена е со изградба и реконструкција на 48 локални патишта со вкупна должина од околу 60 километри.Година ќе остане запаметена како историска и по пристигнувањето на првиот од шестте нови патнички возови, инвестиција од 25 милиони евра. Останатите пет возови ќе пристигнат првата половина на 2016 година.„Правиме анализи следната година да набавиме дополнително нови патнички возови со што целосно ќе го обновиме возниот парк на железница. Исто така изминатата година набавивме и нови 150 товарни вагони, а во континуитет продолжи мерката за бесплатно патување за студенти, млади до 27 години и пензионери“, додаде Мисјаловски.Изминатата година започна изградба на пругата од Битола до Грција, а водено продолжи и рехабилитацијата на пругата на Коридор 10.Во 2015 година се воспоставија пет нови дестинации од скопскиот аеродром и две нови од охридскиот аеродром.„Ја постигнавме посакуваната рекордна бројка од 1,5 милиони патници што поминаа низ двата аеродроми. Очекуваме следната година таа бројка да биде уште поголема бидејќи од напролет најавени се линии кон нови 4 европски дестинации“, објави Мисајловски.Во соработка со АД за станбен простор беа изградени три згради за социјално ранливите категории на граѓани во Прилеп, Ресен и Демир Хисар со вкупно 119 станови. За истите веќе се распишани постапки и се очекува во првиот квартал од 2016 година да бидат доделени становите. Исто така Акционерското друштво започна со изградба на уште една социјална зграда во Македонски бродПродолжува изградбата на канализациониот систем за Сончев град и дополнително се работи на уште десетина проекти во комуналната инфраструктура.„Она што сакам да потенцирам е дека ги продолживме роковите за легализација на дивоизградените објекти. Со законски измени овозможивме да се доставуваат нови барања дo 31 март 2016 година а геодетските елаборати да се доставуваат до крајот на 2017 година“, рече МисајловскиВо туристичките места започна изградба на плажи и пешачки патеки за да се подигне квалитетот на туризмот.Во делот на градежништвото поднесени се 259 барања за отуѓување на државно земјиште. Донесен е нов закон за градежно земјиште со важност од 1. 8. 2016 година, наброја министерот Мисајловски во својот отчет./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл
„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени технички предизвици, граѓаните слободно и одговорно го остварија своето право на глас. Тоа е јасна и недвосмислена потврда за демократскиот капацитет на државата и важна инвестиција во нејзината стабилност“, кажа на прес-конференција, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Овие избори покажаа дека институциите функционираат и дека демократските процеси се зацврстуваат. Во време на сериозни регионални и глобални предизвици, ова е вредност што мора да се чува и надградува, без разлика на политичките разлики. Во општина Маврово-Ростуше, ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива и многу важна победа. Онер Јакупоски е новиот градоначалник! Победа повеќе од двојна со над 1000 гласови разлика. Честитки за Онер, за сите симпатизери и за сите граѓани на Маврово-Ростуше. Оваа победа не е само локален резултат. Таа е јасна политичка порака. Порака дека граѓаните препознаваат работа, присуство на терен и одговорност. Порака дека не се наградуваат празни зборови, туку резултати“, истакна Мицкоски.
Оваа победа, вели тој, е „резултат на концептот што доследно го градиме: скромност, многу работа и реални решенија за секојдневните проблеми на граѓаните“.
„Во другите општини, изборната трка се водеше меѓу кандидати на други политички партии. Но целокупната политичка слика е повеќе од јасна. Со денешниот ден се заокружува резултатот од локалните избори во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ победи во вкупно 56 општини во државата. СДСМ во 6. Тоа не е случајност. Тоа е јасен политички суд на граѓаните. Ова претставува уште еден тежок дебакл за СДСМ и за актуелното раководство на таа политичка партија. По историскиот пораз на локалните избори во 2025 година, денешните избори се само потврда дека изиграната доверба има последици. Партијата која на национално ниво освои околу 140 илјади гласови не може сериозно да зборува во име на мнозинството, ниту да се претставува како силна и кредибилна опозиција“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Мицкоски, „проблемот на СДСМ не е само во изборните бројки“.
„Проблемот е многу подлабок. Тоа е пораз на политика што со години произведуваше криминал, конфликти, национални предавства и деструкција. Политика што ја држеше државата во место и ја трошеше енергијата на граѓаните. Затоа мора јасно да се каже: не станува збор само за блокади. СДСМ мора конечно да се соочи со сопственото коруптивно минато и со криминалците во своите редови. Без тоа расчистување, без јасна дистанца од корупцијата и криминалот, нема ниту кредибилитет, ниту доверба, ниту иднина оваа политичка партија. Македонија нема потреба од политика на навреди и ниски удари. Граѓаните се презаситени од политиканти кои бараат заштита во политиката за сопствените гревови. Оваа држава има потреба од борба на идеи, визии и програми. Од одговорна политичка конкуренција, а не од тоа кој погрубо и поневоспитано ќе навреди. Од другата страна е концептот што победува. Концептот на ред, стабилност и одговорност. Концептот на проекти, мерки и резултати. Концептот на држава што стои исправено и работи за своите граѓани, а не за тесните клановски интереси. Кланот на Венко Филипче доживува нов дебакл и тоа е резултатот кога се води политика на соопштенија напишани во други држави, а не борба на концепти и интересите за своите граѓани“, вели Мицкоски.
Македонија
МВР: Повторените локални избори завршија без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржаа во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одржаа во мирна, фер и демократска атмосфера, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. Не беа регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир“, стои во известувањето од МВР.

