Македонија
Во Генералштабот на АРМ остварени разговори со Синдикатот на одбраната и безбедноста
Во Генералштабот на АРМ во четвртокот се одржа состанок меѓу Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски и Извршниот одбор на Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ), на кој беа разгледани прашања поврзани со повеќе статусни прашања на припадниците на македонската армија.
На средбата со претставниците на СОБ, прва од назначувањето на генерал Величковски за Началник на Генералштабот, беше разговарани за прашања поврзани со примената на одредбите од законите кои ја регулираат службата, работните односи и синдикалното делување во АРМ.
Притоа беше заклучено дека преку заеднички активности се работи на имплементирање на законските одредби кои се однесуваат на подобрување на повеќе статусни прашања, посебно во делот на зголемување на стандардот и условите за работа на целокупниот персонал во АРМ, како и за изнаоѓање решенија за повеќе отворени прашања поврзани со синдикалното делување.
„Генералштабот на АРМ секогаш ги подржува конструктивните предлози на СОБ кои се однесуваат на подобрување на условите за работа на припадниците на АРМ, а со тоа и подобрување на безбедноста на земјата“, заклучи генерал Величковски.
Состанокот беше организиран по барање на Синдикатот на одбраната и безбедноста, во кој голем дел на припадниците на АРМ се синдикални членови./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

