Македонија
Во културните институции 77 вработувања, ќе се вработуваат и 250 професионални војници
Во театрите и други културни институции веќе се вработени 77 лица уметнички кадар од вкупно 120 вработување кои се планирани од Владата, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
„Пред два месеца започнавме процедура за вработување на околу 120 актери, режисери и драматурзи во сите театри низ Република Македонија, како и вработувања во Македонската опера и балет, во Македонската филхармонија и во Танец. Оваа работа се одвива добро, а само во петокот беше завршена процедурата за 77 од овие 120 вработувања. Значи само во еден ден 77 луѓе актери, режисери и драматурзи добија решенија за вработување кои што претходно биле или хонорарци или чекале некој проект за да заработат од него. Сега добија една сигурност, стабилност, трајно вработување што секако ќе ги охрабри и ќе им даде повеќе енергија, сила, креативност да се посветат на иметничката мисла, пишаниот збор или режирањето, глумата.., рече премиерот Груевски.
Тој најави и вработувања на 250 професионални војници во Армијата на Република Македонија.
„Тоа ќе се направи во два наврата, првиот ќе биде во март април, а конкурсот ќе излезе во јануари и првата половина ќе биде за 125 војници. Додека втората половина конкурсот ќе излезе некаде април мај, а нивното примање ќе се комплетира во октомвриноември исто така за 125 војници или вкупно 250 професионални војници ќе бидат ангажирани дополнително во Армијата на Република Македонија. Со тоа ќе се даде можност на многу граѓани кои чувстуваат дека имаат добри предиспозиции, дека сакаат да ја работат таа работа и дека можат да ја работат, да се пријават на овој конкурст, да си обезбедат работно место, а исто така и да ги зајакнат капацитетите на АРМ, рече премиерот.
Груевски најави дека кон средината на јануари ќе биде објавен огласот за пријавување за користење бесплатен туристички викенд за пензионери
Проектот, посочи премиерот, е дел од изборните ветувања и ќе се реализира во 2015 година,но доколку има интерес ќе продолжи и во иднина.
„Се работи за полн аранжман од петок навечер до недела, престој во некој од туристичките центри во македонија дали е тоа Охрид, Преспа, Дојран, Крушево, Берово и др. Така да пензионерите ќе можат да аплицираат и се надевам дека од проектот ќе бидат задоволни“,изјави Груевски.
Со овој проект е предвидено да се опфатат околу 3.000 пензионери./крај/миа
Извор: МИА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.
Македонија
Бугарија го ратификуваше договорот за тунелот на Коридор 8 – отворање на нова железничка врска Скопје-Софија
Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил.
„Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.
Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.
Со ова се исполнети сите услови за доиадбзгра на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.
Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери.
Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани.
Продолжуваме да работиме“, напиша Николоски.

