Македонија
Во Македонија нема од повлеченото хрватско пилешко замрзнато месо
Во Македонија, од хрватската месна индустрија “Месфино” од Чазма, од почетокот на годинава заклучно со вчерашниот ден не е извршен увоз на пилешко месо, соопшто Агенцијата за храна и ветеринарство.
Од таму потврдија дека нема добиено нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската унија, дека производот ЛЕДО замрзнато мелено пилешко месо во пакување од половина килограм, со датум на замрзнување 10.07.2015 и означен рок на употреба до 09.07.2016 година е небезбеден. Станува збор за производ на хрватската компанија „Месфино” од Чазма чиј дистрибутер е компанијата „Ледо” од Загреб, за кој хрватското Министерство за земјоделство, вчера ги извести потрошувачите дека по добиената нотификација преку RASSF системот овој производ како небезбеден го повлекува од хрватскиот пазар поради утврдено присуство на бактеријата салмонела. Согласно официјалните податоци од Информативниот систем на граничната ветеринарна инспекција при Агенција за храна и ветеринарство, во Македонија од хрватската месна индустрија „Месфино” од Чазма, од почетокот на годинава заклучно со вчерашниот ден не е извршен увоз на пилешко месо. Целокупниот увоз на месо од живина од Хрватска во земјава се врши од одобрени објекти од Вараждинската околија/жупанија, за увозникот во нашава земја „Виндија Интернационал“. Инаку, Агенцијата за храна и ветеринарство преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на Европската унија, секојдневно добива известувања за навремена детекција на опасностите кои ја загрозуваат безбедноста на храната и храната за животни, со цел преку брза и ефективна размена на информации, доколку се јави потреба, веднаш да се реагира преку преземање на потребните мерки за безбедност./крај/со/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

