Македонија
Во неделата издадени потврди за влез во земјата на 4.501 мигрант
Во неделата од страна на МВР биле издадени потврди за влез во земјата на вкупно 4.501 странски државјани, од кои 1.966 се од машки пол, 889 се од женски, 1.297 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 349 деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 2.121, Ирак – 1.642 и Авганистан – 738.
Во периодот од 19-ти јуни до 6-ти декември, издадени се потврди на вкупно 313.656 странски државјани, од кои, 178.063 се од машки пол, 49.881 се од женски, 68.625 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.087 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-183.499, потоа Авганистан-75.505, Ирак-33.211, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Во неделата до Секторот за азил поднесено е едно барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на државјанин на Ирак.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 6-ти декември до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 6-ти декември евидентирани се вкупно дваесет баратели на азил од кои девет мажи, две жени, осум деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, 12 баратели на азил (шест малолетни лица со придружба на старател, две малолетни лица без придружба на старател, тројца мажи и една жена ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) „Општината молчи додека ‘Зимзоленд’ незаконски работи“, велат од партијата Левица
„Недозволиво и крајно алармантно е што општинските власти и понатаму молчат, иако е утврдено дека објектот „Зимзоленд“ работи без соодветна дозвола. И покрај ова, објектот сè уште е отворен и секојдневно посетуван од деца и семејства, без никаква реакција од општинските власти“, велат од партијата Левица.
„Фактот што станува збор за објект наменет за најмладите ја прави состојбата уште посериозна. Наместо итна интервенција и постапување согласно законските обврски, општината избира молк и неактивност, со што директно се доведува во прашање безбедноста на граѓаните, особено на децата.
Законот мора да важи еднакво за сите, без исклучоци и привилегии. Секое одложување на постапката претставува преземање на ризик и префрлање на одговорноста, која во случај на несреќа нема да може да се избегне.
Бараме итна интервенција од надлежните служби и затворање на објектот сè додека не се обезбедат сите потребни дозволи и безбедносни услови. Молкот на општината во вакви случаи ја прави истата соучесник во криминалот“, се додава во соопштението на партијата Левица.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

