Македонија
Во прекин железничкиот сообраќај Велес-Битола
Железничкиот сообраќај кон Битола е во прекин од средата вечер, откако голем одрон падна на пругата Велес – Битола. Одронот од големи камења бил на делницата помеѓу станиците Мартолци и Стари Град.
Македонски железници биле информирани од полицијата во среда околу 15 часот. Од таму уверуваат, дека немало опасност воз да удри во камењата кои паднале на пругата.
Наши екипи се на терен, се работи да се расчисти одронот. Станува збор за огромни камени блокови, за кои можеби ќе биде потребно да се минираат. Постои опасност од друг камен блок, во близина на овој што се сруши, кој е пред паѓање. Бидејќи местото е мошне ризично за работа, тешко пристапно, можно е да се работи и утре, петок. Се надеваме дека најскоро железничкиот сообраќај ќе биде нормализиран – изјави Невзет Мамути портпаролот на МЖ Инфраструктура.
Реакции по вчерашното откажување на патувањето имало од педесетината патници кои останале на Железничка станица Велес, откако им било кажано дека железничкиот сообраќај е во прекин. Тие барале Железница да им обезбеди автобуски превоз до Битола, но тоа не го добиле па морале да плаќаат автобуски билет. Најлошо минале патниците за Богомила, каде нема ни автобуски превоз, па тие користеле такси услуги./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

