Македонија
Во средата издадени потврди на 2.591 мигранти

Во средата од страна на МВР биле издадени потврди за влез во земјата на вкупно 2.591 странски државјани, од кои 1.128 се од машки пол, 540 се од женски, 910 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 13 деца кои патува без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1142, Авганистан–857 и Ирак-592.
Во периодот од 19-ти јуни до 23-ти декември, издадени се потврди на вкупно 362.587 странски државјани, од кои, 198.558 се од машки пол, 60.464 се од женски, 85.524 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.041 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-204.367 потоа Авганистан-89.432, Ирак-47.347, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 23-ти декември, до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 23-ти декември евидентирани се вкупно 27 баратели на азил од кои 16 мажи, две жени, осум деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, девет баратели на азил ( три мажи, една жена, три малолетни лица со придружба на старател и две малолетни лица без придружба на старател ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Срамно, Јаневска направи хаос со образовните асистенти на сметка на најранливите ученици“, велат од СДСМ

„Министерката Весна Јаневска свесно направи хаос со образовните асистенти – директно на штета на учениците со попреченост и нивните семејства. Наместо да ги продолжи ангажманите на едуцирани, обучени и искусни образовни асистенти кои со години посветено работеа со децата, Јаневска ги избрка и ги замени со партиски кадри. Единствената „квалификација“ на новите асистенти е партиска книшка на ВМРО-ДПМНЕ!“, велат од СДСМ.
„Со промени во правилниците, Јаневска го поништи значењето на работното искуство, обуките, знаењето – и отвори врата за политички вработувања. Ова е најгруб пример на партизација на образованието, на сметка на најранливите.
Ова е одраз на погрешниот приоритет на ВМРО-ДПМНЕ – наместо грижа за децата, грижа за партиската војска! Јавно ја прашуваме министерката Јаневска – како можете мирно да спиете знаејќи дека на 1 септември стотици деца со попреченост нема да го добијат својот асистент, лицето со кое учеа, се смееја и напредуваа?
СДСМ бара итна:
Ревизија на огласот за образовни асистенти,
Враќање на професионалците со искуство и едукација,
Целосна департизација на образовниот систем.
Образованието мора да биде надпартиска и хумана мисија. Ова не е борба за функции – ова е борба за достоинство, за децата и за нашата иднина“, соопшти СДСМ.
Македонија
Тошковски е нова верзија на Груевизмот, сака партиска милиција под своја контрола, велат од СДСМ

„Министерот Панче Тошковски оди по стапките на Никола Груевски. Со предлог измените на Законот за полиција подготвува партиска милиција под негова контрола.
Какви реформи, какви бакрачи, Тошковски го претвора МВР во параполициски апарат за заштита на криминал и партиски интереси на ВМРО-ДПННЕ. Класичен рецепт за полициска држава“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија Предлог-законот за полиција којшто Тошковски го предлага е опасен, антиевропски и длабоко корумпиран, со многу скандалозни измени кои, како што велат, потврдуваат дека целта е целосна партизација на полицијата.
Тошковски, додаваат од СДСМ, ги урива и драстично ги намалува критериумите за образование и искуство за највиоските оперативни позиции во полицијата.
„Го елиминира кариерниот систем, дури и началник на СВР по рецептот на Тошковски да може да биде било кој што тој ќе одлучи.
Ги укинува регионалните гранични центри, што е директерн удар врз контрола на границите. Сака да овозможи бришење на полициски податоци – што е опасен механизам за прикривање на криминал.
Тошковски ги дискриминира младите – со подигање на старосната граница се отвора место само за партиски вработувања во полицијата. Го брише членот што спречува вработување на осудени лица – полицијата станува прибежиште за криминалци.
Ова е директен удар врз системот за безбедност и заштитта на граѓаните и удар врз професионалците во МВР. Ова не е ништо друго туку правење партиска милиција под капата на Тошковски“.
СДСМ бара итно повлекување на предлог-законот и прекин на узурпацијата на МВР.
Полицијата, оценуваат од СДСМ, мора да биде во служба на граѓаните, не алатка на партиска мафија.
Во Македонија, како што нагласуваат, нема место за нова верзија на Груевизмот со Тошковски во главна улога.
Македонија
„828 договори за проекти од вториот повик со вредност од 225 милиони евра за капитални инвестиции низ општините“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно инвестира во локалните самоуправи и нивниот напредок. Развиени и силни локални самоуправи се основа за развиена држава. Развиени општини се темел на развојот на држава“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Преку двата повици од инструментот за капитални инвестиции со поддршка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се финансираат инфраструктурни проекти во општините. За разлика од минатото сега нема фаворизирање на ниту една општина ќе се инвестира насекаде низ Македонија.
Во првиот повик беа финансирани 288 проекти за општините кои опфаќаат проекти од областа на транспортот и инфраструктура, животна средина, образованието и културата, како и спортот и социјалната политика.
Преку вториот повик од инструментот за капитални инвестиции се потпишаа договори за 828 проекти со вкупна вредност од 225 милиони.
Најголем дел од проектите, 589 се во областа на транспортот, каде ќе се вложат над 8 милијарди и 105 милиони денари, или 132 милиони евра. Ќе се инвестира во нови патишта, улици, мостови.
143 проекти се од областа на животната средина каде ќе се инвестираат над 2,4 милијарди денари преку проекти за почиста вода, канализациски мрежи, управување со отпад, нови паркови.
Во образованието 48 проекти, се вложуваат 1,6 милијарди денари за нови училишта, обновени училници, градинки. Како и во проекти од областа на културата, социјалната политика, спортот.
Преку овие инвестиции Владата го забрзува локалниот развој и активно работи на приближување на институциите до граѓаните. Поддршката за општините е транспарентна и е насочена пред сè за потребите и барањата на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.