Контакт

Македонија

Во вторникот издадени потврди на 3.686 мигранти

Објавено пред

Во вторникот од страна на МВР биле издадени потврди на вкупно 3.686 странски државјани, од кои, 2.107  се од машки пол, 635  се од женски, 674 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 270 деца кои патуваат без родител, а според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.808, Авганистан – 961, Ирак – 560, додека другите се во помал број.
 

dobivaj vesti na viber

Во периодот од 19-ти јуни до 14-ти октомври, издадени се потврди на вкупно 140.976 странски државјани, од кои, 91.574 се од машки пол, 19.043 се од женски, 24.921 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 5.438 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-98.504, потоа Авганистан-22.287, Ирак-9.903, Пакистан-3.518 Палестина-1.437, Иран-1.342, Сомалија-794, Бангладеш-770, Конго-431, Нигерија-240, Камерун-207,  Еритреја-196, Етиопија-149, Судан-125, додека останатите се во помал број.

До Одделението  за азил во вторникот биле поднесени и две барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, од државјани од Авганистан.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 14-ти октомври, до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 13-ти октомври евидентирани се шест баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 4 баратели на азил ( малолетно лице без придружба на старател, малолетно лице  со придружба на старател и двајца  мажи )  се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика./крај/мф/бс

 

 

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со сериозни обвинувања за перење 2 милиони евра во ЕСМ: „Кадри на СДСМ и ДУИ вмешани во криминал“

Објавено пред

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска на прес-конференција обвини дека кадри на СДСМ и ДУИ во ЕСМ снабдување со топлина биле инволвирани во криминал тежок неколку милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Според Петрушевски, тендер вреден осум милиони евра завршил во фирма која, како што рече, била однапред договорена од Бујар Дардишта, кадар на ДУИ, а именуван од СДСМ. Тој тврди дека по договорениот тендер, директорот заедно со уште 32 лица испрале два милиони евра, пари на граѓаните.

Петрушевски посочи и дека во Надзорниот одбор на ЕСМ снабдување со топлина била и ќерката на тогашниот претседател на Собранието Талат Џафери.

Тој ги повика СДСМ и ДУИ да одговорат каде завршиле, како што наведе, испраните два милиони евра, дали лица од тогашниот врв на двете партии се вмешани во случајот и зошто не се оградуваат од наводите. Петрушевски побара и Јавното обвинителство да постапува независно и одговорно.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Манасиевски: Филип Андов и Агрон Демири – новите лица на Филипче, се лошото минато на Заев

Објавено пред

Од

Новите лица на Филипче, се лошото минато на СДС и Заев. Филип Андов – Сокол поранешен советник на Зоран Заев и поранешен директор на затворот во Шутка, и Агрон Демири, коносител во 6та ИЕ на последните парламентарни избори, се новите лица на СДС и Филипче, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Филип Андов, човек со кривична пријава и активен судски случај е дел од раководството на Филипче. Познат по тоа што затворот во Шутка го претвори во хотел промаја, затворениците повеќе седеа надвор отколку внатре во затворот. Оние што беа внатре пак имале навистина големи поволности. Андов до толку се грижел за своите затвореници што дозволувал дури и службени возила и службени лица да ги разшетуваат низ државата. Едноставно си го приватизирал затворот и си наплаќал услуги. СДС наместо оградување и исклучување, го наградија со раководна функција. Дали можеби работел по насока и директива на поранешни челници на СДС останува да дознаеме?“, праша тој.

Од друга страна, додаде Манасиевски, го имаме Агрон Демири, исто така досегашен член на ЦО на СДС и коносител на минатите избори во ИЕ6 и не успеа да влезе како втор на листата.

„Агрон Демири е горд пријател на Зоран Заев и Венко Филипче. Тој никогаш не ја криел неговата наклонетост кон овие двајца. За таа цел, во 2021 година, Агрон Демири како претседател на студентски парламент од Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово, му доделил плакета на Зоран Заев, за заложбите што ги правел кон младите. А добро ги паметиме неговите заложби со оглед на тоа дека младите беа омаловажени и потценети во негово време. Но, дали оваа наклонетост и плакета кон Зоран Заев, го пласираше Демири во врвот на СДС? До толку ли нема други заслужни, па тој мора да биде награден? Несуден пратеник и анонимус во политиката.
Почитувани граѓани, Дали овие ликови се новите лица на СДС, секако дека не. Ова се само луѓе послушни кон Зоран Заев, а го држат Венко Филипче на функција“, рече Манасиевски и праша дали овие лица се горди на аболицираниот криминалец Зоран Заев и ќе продолжат по неговите криминални и коруптивни чекори?

Прикажи повеќе...

Македонија

Анита Тополова-Исајловска избрана за в.д. јавен обвинител

Објавено пред

Обвинителката Анита Тополова – Исајловска беше избрана за вршител на должност јавен обвинител на Република Северна Македонија на денешната седница на Советот на јавни обвинители.

dobivaj vesti na viber

Таа беше единствениот предложен кандидат, на местото на Љупчо Коцевски, кој минатата недела поднесе оставка, непосредно пред да биде разрешен во Собранието на Северна Македонија. Тој ја извршуваше функцијата државен обвинител неполни две години откако беше избран од пратениците во минатиот парламентарен состав на 13 февруари 2024 година.

Тополова-Исајловска доаѓа на негово место од позицијата заменик јавен обвинител, каде што помина подолг временски период.

Назначувањето на вршител на должност јавен обвинител се врши согласно член 25, став 4 од Законот за јавното обвинителство. Функцијата се извршува до именување на нов државен јавен обвинител, но не подолго од шест месеци.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и од други позиции во амбасадите, меѓу...

Македонија3 часа

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени извршени од партнер или член на...

Европа4 часа

(Видео) Руски генерал убиен во Москва

Руски генерал е убиен во експлозија во Москва, потврдија руските власти. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров е...

Топ4 часа

Американски државјанин истепал полицаец пред ноќен клуб во Градскиот парк: кај Американецот пронајдени поголемо количество оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени...

Свет5 часа

(Видео) Сојузник на Трамп: Ако Путин го отфрли мировниот договор, мора да одиме до крај

Републиканскиот американски сенатор и сојузник на претседателот Доналд Трамп, Линдзи Греам, изјави дека Вашингтон треба драстично да го зголеми притисокот...

Европа6 часа

Батлер во Елисејската палата крадел садови и порцелан: сакал да ги продаде на интернет

Главниот послужувач задолжен за среброто во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а...

Свет6 часа

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд. „Џеф...

Македонија6 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри...

Свет15 часа

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија19 часа

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија22 часа

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ1 ден

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија1 ден

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија1 ден

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет1 ден

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија2 дена

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија2 дена

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија2 дена

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија2 дена

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија2 дена

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...