Македонија
Вонреден психијатриски преглед и суспензија за службени лица осомничени за насилство
Доколку вработен кој ракува со службено оружје биде осомничен за насилство, задолжително да му се одземе оружјето и веднаш да се направи задолжителен вонреден лекарски преглед, предвидуваат новите законски измени за превенција од семејното насилство.
На седницата на Владата во средата, донесени се заклучоци со кои со конкретни законски измени ќе бидат предвидени одредби кои ќе треба да ги следат сите институции и раководниот кадар во нив, по двете тројни убиства во Кавадарци и Злетово, извршени од поранешен припадник на резервниот состав на безбедносните сили и од професионален војник.„Веднаш потоа, треба да се направи задолжителен вонреден лекарски преглед од стручни лица, доктори, психолози, психијатри кои треба да дадат проценка на моменталната состојба на лицето“, рече портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.Со измените институциите ќе можат да покренат дисциплинска постапка за одговорност или да го суспендираат од работа вработениот којшто е осомничен дека извршил насилство или, пак, да го прераспределат во друга институција, каде што ќе нема да има допир со оружје.Ѓорѓиев појасни дека Владата ги задолжила МВР, министерствата за труд и за правда да направат измени во своите закони, со кои ќе утврдат задолжителна обврска на нивните вработени во рок од 24 часа да ги известат институциите во кои има вработен кој има допир или ракува со службено оружје, за евидентиран прекршок или кривично дело со елемент на насилство.Министерствата за внатрешни работи, за одбрана, за финансии, за земјоделство и за правда, исто така, треба за 20 дена да направат законски измени во делот на постапување и ракување со оружје и да предвидат ситуации во кои доколку нивен вработен кој има допир со оружје биде осомничен за некое прекршочно или кривично дело со елемент на насилство, задолжително привремено да му го одземат оружјето./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Од утре струјата поскапува за 2,28 отсто
Од утре, 1 јануари, цената на струјата ќе се зголеми за 2,28 отсто за 85 отсто од домаќинствата во Македонија, што значи повисоки сметки од 57 до 900 денари.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) информираше дека наместо предложеното зголемување од 7,66% од ЕВН Хоме, по спроведени анализи и пресметки, одлучила за значително помали корекции.
Па така, наместо предложеното зголемување, РКЕ по спроведените анализи и повторни пресметки, одлучи во првиот блок да има корекција од 2,45 % . Во вториот блок цената ќе се зголеми 2,87 %, а предлог-зголемувањето на „ЕВН хоме“ е 8,54 %. Во третиот блок цената ќе се зголеми 3,32 % иако беше предложено да има зголемување од 9,63 % и во четвртиот блок зголемувањето е 3,84 % наместо предложените 11,86 %.
Во однос на евтината тарифа, „ЕВН хоме“ предложи зголемување за 3,96 %, а РКЕ одлучи таа да се коригира за 2,50 %.
„Водејќи се од начелото на транспарентност и имајќи го во предвид јавниот интерес кога се во прашање цените на енергијата и енергентите што РКЕ ги регулира или контролира, како и досега така и денес, ги споделуваме во детали одлуките, односно во конкретниот случај одлуката за ‘ЕВН хоме’. Регулаторните анализи покажуваат дека сметките на домаќинствата што користат електрична енергија во првиот и во вториот блок ќе се зголемат за 2,59 %, а оние што имаат потрошувачка и во третиот блок – сметката ќе се зголеми 2,79 %“, изјави месецов Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
РКЕ оценува дека „ЕВН хоме“ го има применето тарифниот систем, но во предлог-одлуките за нови цени и распоредот на трошоците по блокови не е применет клучниот регулаторен принцип, а тоа е урамнотежување на интересите на вршителите на енергетски дејности и корисниците, односно потрошувачите.
Од РКЕ велат дека регулаторот има цел да дефинира крајни цени што ќе гарантираат услови за непречено снабдување со електрична енергија, при што внимава да се заштитат потрошувачите од ценовен шок. Податоците покажуваат дека вкупно 64 % од потрошувачите имаат потрошувачка во првиот блок, речиси 21 % им се тарифира и во вториот блок, а третиот блок го користат 1,73 % од потрошувачите.
Македонија
(Фото) Полицајците им подаруваа новогодишни лампиони на охриѓани и на туристите во Охрид
Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид, во соработка со Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид, денеска на симболичен начин, со подарување на новогодишни лампиони, на охриѓани и на туристите кои во Охрид ќе ја прослават новогодишната ноќ, им ја честита Новата 2026 година.

„Традиционално, на овој начин, на сите охриѓани, на сите гости, на сите туристи кои што ќе слават Нова година во Охрид, со симболично доделување на лампиони им ја честитавме Новата година и им посакавме се најдобро во новите 365 дена. Им порачавме да внимаваат на својата и на безбедноста на останатите граѓани а посебно дека сообраќајните контроли во сообраќајот ќе бидат интензивни.

Нагласивме дека алкохолот и управување моторни возиа не одат заедно и дека секоја таква ситуација, ќе значи исклучување на возачот од сообрај и соодветна пријава. На овој начин, ИПА Охрид и СВР Охрид, со оваа превентивна активност, прават обид повеќе за зголемена безбедност во градот, а граѓаните и туристите да се чуствуваат безбедно и сигурно во Охрид“, сооопшти СВР Охрид.

Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Ви давам збор, 2026 ќе биде многу подобра година
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски им посака успешна нова година и среќни празници на жителите на Скопје.
Тој даде збор дека 2026 година ќе биде многу подобра.
„Заедно ќе ги решаваме проблемите, заедно ќе обезбедиме поголема стабилност, подобар стандард и повеќе радост за сите наши скопјани“, кажа Ѓорѓиевски.

