Македонија
Вработени во МВР неовластено снимаa на судењето против Чаушот
Вработени во Министерството за внатрешни работи неовластено со камера го снимаа рочиштето за случајот „Фабрика за афери“, во којшто обвинети се браќата Захир Бекири – Чаушот и Имер Бекири, јавува Академик.мк.
Одбраната на Бекири реагираше дека лицата неовластено снимаат што предизвика револт кај судијката во случајот, Гордана Спировска која им нареди на лицата веднаш да престанат да снимаат и да ги избришат снимките.„Како можете да го дозволите ова? Нели треба да го штитите судот? Кој ви даде дозвола за вакво нешто?“, праша судијката.Лицето од МВР одговори дека надлежниот старешина му ја дал наредбата, по што судијката побара снимките веднаш да бидат избришани и се увери дека е сторено тоа проверувајќи ја камерата. Сепак тројцата вработени во МВР останаа во судницата. Захир заедно со својот брат Имер се сомничат дека стојат директно зад аферата со фалсификуваните лични карти.Според обвинението, Захир Бекири во својот дом имал работилница за изработка на фалсификувани документи, преса, секачи, амблеми, фалсификувани полномоштва од нотари./крај/мф/
Извор: Академик.мк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

