Македонија
Времен прекин на сообраќајот кај Пресека

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Во среда, сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид, кај Пресека, ќе биде во прекин поради минирање, во интервали од 15 до 20 минути, во период од 13:00 до 15:00 часот. крај/амсм
Извор: amsm
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Обвинителството: Во тек се рочишта за определување притвори

Обвинителството утрово извести дека во тек се рочишта за определување притвори, а бројката е истата од последната информација синоќа.
Од таму додаваат дека во текот на денот ќе има информации за другите дејствија кои се преземаат.
Македонија
Каролина Гочева: „Со скршено срце се збогуваме со нашите пријатели, занемени од болка“

„Со скршено срце се збогуваме со нашите пријатели, колеги Андреј, Сара, Ѓорѓи, Александар Коларов, Александар Ефремов, Филип, Игор….“, напиша македонската пејачка Каролина Гочева на социјалните мрежи.
„Ќе продолжат да живеат во секоја песна и секое срце кое го имаат допрено преку нивната работа. Занемени сме од болка!
Најдлабоко сочуство до нивните семејства и најблиски!“, напиша Каролина Гочева.
Македонија
„Ништо помалку не очекував од тебе, познавајќи ја твојата човечност…“: Калиопи потресно се прости од Андреј

Популарната македонска пејачка Калиопи со потресни зборови се прости од Андреј Ѓорѓиески, член на бендот „ДНК“, кој трагично загина во пожарот во дискотека во Кочани.
Пејачката се осврна на неговиот херојски чин, кога, според сведоштвата, Андреј се вратил во дискотеката за да ги спаси децата по катастрофалниот пожар кој брзо се проширил.
„Андреј…срцево ми се кине на сто парчиња…а душава ПАРАМПАРЧЕ…
Твојата милост и убавина не изостанаа ни во последните мигови пред заминеш засекогаш, спасувајќи други животи…
Ништо помалку не очекував од тебе, познавајќи ја твојата чоечност…
Но, не мораше вака…И ова не смее да е крај…чувствувам тага и бес… не смееше да е вака…
Ќе те чувам заедно со нашите спомени, мило дете…“, напиша таа.