Македонија
Врховниот суд ќе ги пушти новинарите и адвокатите во судот за „Дива насeлба“
Врховниот суд во понеделник ќе ги пушти новинарите и адвокатите да го следат рочиштето за случајот „Дива населба“.
„Кривичниот суд во текот на денешниот ден беше известен од судската полиција на Врховниот суд дека за главната расправа закажана за 06.06.2016 година во 10:00 часот, ќе биде овозможен пристап до судската сала на Врховниот суд на Р.М. преку службениот влез на судот“, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1.Судската полиција во вторникот не ги пушти новинарите и адвокатите да влезат во судот за да го следат судењето. На судењето коешто се одржува во големата сала на Врховниот суд беа донесени обвинетите и беа пуштени обвинителите во овој случај. Судењето официјално беше одложено поради неприсуство на адвокатите. Спорот меѓу Основниот суд Скопје 1 и Врховниот суд трае неколку месеци. Основниот суд не може да обезбеди голема сала во којашто ќе се одржува судењето за случајот во кој има 37 обвинети, адвокати и јавност, а Врховниот суд не ја даваше големата сала.Салата му беше дадена за користење на Кривичниот суд со одлука на Владата. И покрај одлуката на Владата судската полиција на Врховниот суд тврдеше дека новинарите и адвокатите може да влезат, но сите влезови беа затворени. Според нив, судeњето требало да го организира Основниот суд Скопје 1./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

