Македонија
За измена на законите на СЈО нема да се расправа, како ни за изборните единици
Пратениците на седницата во понеделник, што најверојатно ќе биде последна за овој состав, со оглед на тоа дека на дневен ред е распуштање на собранието, претходно не ги прифатија предлозите за дополнување на дневниот ред со измени на законот за изборни единици и со предлозите за заштита на сведоци и за Специјалното јавно обвинителство.
Имер Алиу, од ДПА рече дека не може да тежи гласот на еден граѓанин повеќе од гласот на друг граѓани заради тоа што припаѓа на друга етничка заедница, но дека владејачката партија на Албанците ДУИ, не направила ништо до сега тоа да се смени. Сепак, за овој предлог да се стави на дневен ред гласаа и пратениците на ДУИ, што ДПА го протолкува како валкан потег. Од друга страна, пак, Џеват Адеми, од ДУИ беше изненаден што пратениците на опозициската македонска партија СДСМ играла на картата да добие на претстојните предвремени парламентарни избори со гласови од пратеници Албанци, а гласале против овој предлог.Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, предложи оваа седница да се состои од две точки, да се расправа за Буџетот за 2017 година и за распуштање на парламентот, а да се отфрлат точките за именување членови на Регулаторната комисија за енергетика, затоа што тој потег го протолкува како „вдомување на партиски кадри од владејачката ВМРО-ДПМНЕ“.Но, и овој предлог не беше прифатен од пратениците.Пратеникот и портпарол на СДСМ, Петре Шилегов, пред почетокот на седницата на прес -конференција изјави дека намерно во дневниот ред се додаваат нови предлози за да не стигне на ред точката за распуштање на Собранието.„Лицемерството нa ВМРO-ДПМНЕ немa грaници. Прaвaт сè зa денескa дa не се рaспушти Сoбрaниетo. Сиве oвие тoчки што денескa се стaвени нa дневен ред имaaт цел дa гo oдлoжaт рaспуштaњетo нa Сoбрaниетo. Секoе стaвaње нoви тoчки нa дневен ред, сaмo ги oдлoжувa тoчките зa рaспуштaње, a тoa гo пoкaжувa стрaвoт нa Груевски oд фер и демoкрaтски избoри“, изјави Шилегов.На крајот, пратеникот Павле Трајанов, предложи кога веќе се расправа и за друго во понеделник, тогаш не е доцна да се стават на дневен ред и измените на двата закони што ги бара Специјалното јавно обвинителство, за да може непречено да работи, измени за заштитените сведоци, со кои специјалната обвинителка ќе има автомонија врз одлуката и предлог-закон за измена на Законот за Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите или Специјалното јавно обвинителство.На овој предлог на Трајанов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски укажа дека веќе еднаш го предложил и дека за редовна процедура има време до 5 ноември, но го стави на гласање, по што за малку не помина, 50 беа „за“, а 55 „против“./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

