Македонија
За Заев дијалог без посредништво не е можен
СДСМ никогаш не бегал од дијалог, но дијалог за политичката состојба во Македонија е можен само со посредство на меѓународната заедница, смета лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој одговори на новинарско прашање за тоа кои се неговите очекувања од дијалогот во Брисел.
„Никогаш СДСМ не бегал од дијалог, но притоа мора да знаеме дека буквално е невозможна мисија да се воспостави дијалог без посредништво на ЕУ и меѓународниот фактор. Не би сакал да ги коментирам однапред нашите очекувања. Нашите ставови се јасни. Граѓаните знаат зошто не сме во Собранието, сакаме да дадеме шанса на дијалогот но не би влегувал во деталите“, рече Заев.Прашан за хациендата во Грција, за која објавија некои медиуми во Македонија дека е во сопственост на Заеви и дека е купена по `багателна` цена, Заев вели дека тој нема имот надвор од Македонија.„Јас немам имот во Грција. Се што имам ми е тука, во Македонија. Не би сакал да коментирам сопственост на мои први братучеди. За имотот на роднини и пријатели нив ќе ги прашате. Но, да се знае, пола од врхушката и перјаниците на власта имаат имот во Грција, јас немам“, изјави Заев Заев нагласи дека е многу задоволен што поддршката од сите етнички заедници за проектот „Вистината за Македонија“ се зголемува и дека се ќе се објави во вистинско време, без разлика кој за што е заинтересиран. На прашање дали ќе има храброст да ги погледне во очи соработниците ако евентуално се докажело во истражна постапка дека не ја кажувал вистината, Заев одговори дека за се има доказ.„Зарем мислите дека јас без доказ кој тоа го правел и како е организирано ќе водам еден ваков процес за слобода на Македонија? Немам никакви резерви кој тоа го правел. Како политичар секогаш сум спремен да понесам одговороност ако има такво нешто. Се ќе биде објавено и за пописот, Монструм, Никола Младенов. Се е важно. Имаме докази и за тоа што се се правело со пописот“, рече ЗаевСпоред него, ситуацијата во Македонија апсолутно се променила, па граѓаните кои се плашеа да го кажат името на Мијалков, сега слободно разговараат.„Денеска во Македонија храбро се зборува, секаде се коментира, чувството дека се чека најголемата придобивка на демократијата-слободата е чувство кое е вградено во сите нас и во сите кои се борат за слободно и и демократско живеење. Само дрскоста и безобразлукот на Груевски не се менува засега, но и тоа ќе се смени“, додаде Заев. Според Заев повеќе од 70 проценти од материјали се за луѓе кои не се од власта или директни соработници на власта, само еден дел се./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Прилеп е лидер во селекцијата на отпадот
Прилеп е лидер во селекцијата на отпадот со што може подготвено да го пречека почетокот на работата на Регионалната депонија во Југозападниот дел во Македонија.
Во градот веќе стигнаа нови контејнери, канти за селекција во домаќинствата, а до јуни ќе стигнат и 9 возила преку проектот на Министерството за животна средина. Во моментов се работи на урбанизиран Собирен центар за отпад по европски терк. Таму граѓаните ќе го носат сиот отпад што не го собира претпријатието.
-Собирниот центар за граѓаните, за бизнис секторот ќе значи еден комплекс каде сите самоиницијативно ќе може да донесат различни видови отпад кој не го собира комуналното претпријатие: санитарија, дограма, отпадни гуми, електричен и електронски отпад. Собирниот центар кој ќе се урбанизира е европски принцип на градба, ќе биде по принципот на боксови, контејнери од 5 кубни метри и прес-контејнери, објаснува Лилјана Силјаноска, лице за односи со јавност во ЈКП „Комуналец“ од Прилеп.
Селекцијата, потенцира, е клучна за новата Регионална депонија.
-Кога ќе почне да функционира Регионалната депонија за управување и депонирање на отпадот, комуналното претпријатие ќе плаќа за сиот отпад што таму ќе се транспортира и депонира. Колку отпадот е поселектиран, цената ќе биде пониска и обратно. Затоа е клучна селекцијата. Цените, инаку, ќе ги одредува регулаторна комисија, појасни Силјаноска.
Напролет ќе профункционира и Фабриката за селекција на отпадот кај постојната градска депонија. Во дражавава се потребни повеќе рециклирачки центри за да се откупува отпадот, па да се извезува.
– Сите овие проекти што се во тек, или во завршна фаза, или реализирани, или, пак, во форма на техничка документација ќе значи дека општина Прилеп мора да биде подготвена со реализирани и изградени проекти до отворањето на идната Регионална депонија. Да потсетиме, Прилеп ќе има претоварен центар за четирите општини: Прилеп, Кривогаштани, Долнени и Крушево, вели Силјаноска.
Дневно во Прилеп се собираат 60 до 80 тони отпад, а годишно околу 30 000 тони, а околу 1000 тони отпаден материјал се продава.
Македонија
Алиу: Примарната цел на законот е да ги превенира штетните последици од пушењето
Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува мерки за подигнување на јавната свест и поддршка за прекин на зависноста. Пораката која ја испраќаме е дека системот им помага на пушачите да се откажат од пушењето, без притоа да бидат стигматизирани, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.
Предвидени се, додава, законски обврски за спроведување превентивни програми за откажување од пушењето, советувања и едукации, како и целокупна поддршка во процесот на откажување од оваа зависност.
-Зависноста од никотин претставува медицински и јавноздравствен проблем. Докажано е дека превенцијата е поефикасна и поевтина од лекувањето, така што примарната цел на овој закон не е да казнува, туку да ги превенира штетните последици од пушењето, посочува Алиу.
Воедно, како што вели, во рамки на законските одредби јасно се утврдени надлежните инспекции, санкциите за непочитување, како и улогата на локалните власти во спроведувањето на законот.
Македонија
Државата наплати данок од над 2 милиони денари од донациите за настраданите во пожарот во Кочани
Иницијативата „Супорт Кочани“ ја реализираше третата распределба на средства собрани преку заедничката наменска сметка за донации. На лица директно погодени од трагедијата во „Пулс“, распределени се вкупно 3.153.204 денари. При тоа, 123 лица добиле по 15.968 денари, а кај други 19 лица, кај секој, распределени се по 45.992 денари. На име на персонален данок (ППД) се исплатени 319.292 денари.
Ова вчера го соопштија волонтерите од „Супорт Кочани“, иницијатива формирана веднаш по катастрофалниот пожар од 16 март минатата година во кочанската дискотека „Пулс“.
Средствата од третата распределба преку заедничката наменска сметка се донации кои потекнуваат од Македонската православна епархија за Европа и од ослободена провизија од НЛБ Тутунска банка.
Со оваа распределба, процесот на директна финансиска поддршка продолжува во согласност со принципите на транспарентност, отчетност и правична распределба, порачуваат волонтерите.
Во трите распределби до сега, преку иницијативата „Супорт Кочани“, на 142 лица кои потпишале потреба за помош им се донирани во бруто износ вкупно 22.742.997 денари. Од оваа сума на име персонален данок (ПДД), исплатени се вкупно 2.274.285 денари.

