Македонија
Забарана на Маврово-Дебар, Струга-Ќафасан и на Шапка
Забрани за тешки товарни возила поради снег има на патните правци Тетово – Попова Шапка, крак Маврово – Дебар и Струга – граничен премин Ќафасан.
Забрана за автобуси има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Забранaтa за тешки товарни возила на патниот правец крак Стража – Кичево е укината во 09:50 часот, а на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир во 09:15 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот после интервенција на дежурните екипи од Македонија Пат.
Претходно АМСМ информираше дека на патниот правец Кочани-Делчево се забележува зголемена појава на одрони. Особено внимание е потребно кај делот од Истибања до брана Калиманци.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони. /крај/мф/ап/
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Мигранти за пари, Мицкоски ја распродава иднината на Македонија“, велат од СДСМ
„Со контра Резолуцијата ДПМНЕ-ЗНАМ признаа дека постои договор ‘мигранти за пари’. Во нивната контра Резолуција на ДПМНЕ воопшто нема одредба против носење мигранти од Британија за пари. Има игра на зборови, обид за поинакво дефинирање на мигрантите под превезот на ‘економски работници’ и ‘нелегални мигранти’“, велат од СДСМ.
„Ова е национално предавство за пари. Владата на Христијан Мицкоски ја става иднината на Македонија на пазар, на распродажба.
Државата е во тешка финансиска состојба, трезорот се затвора пред време, доцнат исплати на породилно, социјална помош, ДДВ, нема пари за плати и пензии. На власта и требаат пари ама не за граѓаните туку за да им врват наместените тендери.
Затоа договара мигранти за пари и скапи кредити кои утре ќе ги враќаат младите, идните македонски генерации.
СДСМ ќе се спротивстави и нема да го дозволи ова национално предаство, оваа распродажба.
Имаме решение. Нема да има мигранти, туку домаќинска политика, како во времето на СДСМ кога ги зголемивме платите и пензиите а државата одеше напред.
Наместо 161 тендер за една фирма, парите ќе се насочат кон за зголемување на платите и пензиите. Без криминал и корупција, без мигранти, парите назад кај граѓаните, со поголеми плати и пензии.
Одбраната на Македонија започна и нема да престане! Сите ќе одговарате!“, соопшти СДСМ.
Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија: Земјотресот е со епицентар на 42 километри северно од Скопје
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 07 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 42 км северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.

