Македонија
Заедничките истраги се крајна цел на македонската и албанската полиција
Отворањето на заеднички истраги е крајната цел во соработката на македонската и албанската полиција, констатираа директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Митко Чавков и неговиот албански колега Артан Диди.
„Нашата интенција е да направиме еден пресек и една анализа со албанската полиција, да ги идентификуваме и утврдиме заедничките приоритети во иднина и особено, целта ни е да обезбедиме една проактивна предност во тековното полициско работење во соработката помеѓу двете полиции, преку идентификување на лица, на криминални групи кои се вклучени во транснационален организиран криминал и соодветно на тоа, практично да се организираме и да поставиме заеднички оперативни тимови кои ќе имаат обврска на дневно-оперативно ниво да соработуваат и да разменуваат информации, со крајна цел, отворање заеднички истраги“ изјави Чавков на почетокот на денешната билатерална средба со неговиот албански колега. Директорот Чавков нагласи дека досегашната соработка на двете полиции покажала резултати, а доказ за тоа е откривањето на криминалната група која вршеше грабежи во златарниците во струшко-дебарскиот регион. „Како епилог на досегашната успешна соработка помеѓу двете полиции“, рече Чавков, “успеавме со заеднички активности да ги идентификуваме субјектите во организираната криминална група која делуваше на подрачјето на Охрид, Струга и Дебар и успевме да ги расчистиме вооружените грабежи и разбојништва во златарниците во Дебар и Струга“.Директорот на албанската полиција Диди, нагласи дека на денешната средба ќе се оцени досегашната соработка во борбата против организираниот криминал но и полициските експерти ќе се запознаат подобро за да делуваат заеднички на терен. Според директорот на албанската полиција, целта е да бидеме целосно компатибилни со западноевропските вредности. „Затоа во нашата делегација што присуствува на работниот состанок во Охрид имаме структури од организираниот криминал и од граничната полиција, се’ со цел, овие структури да се запознаат со другата страна и да не биде соработката само делкаративна“, истакна директорот Диди.На билатералната средба, се дискутираше за предвидените три теми, анализа на досегашната соработка, идентификација на конкретни области на криминал како заеднички приоритет на двете полиции и профилирање на лица и групи за кои постојат сознанија дека се поврзани и вклучени во криминални активности. Утре, пак, главна тема на разговор ќе биде можноста за воспоставување на заеднички оперативни тимови кои ќе бидат вклучени во заеднички операции како и разгледување на нови предлози, иницијативи во насока на натамошно продлабочување на соработката на двете полиции./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

