Македонија
Заев ако не победи ја напушта политиката
Претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа на пратеници во ИЕ4, Зоран Заев, во недела гласаше во Струмица.
По гласањето Заев оцени дека денеска се избира за напредна, слободна и единствена Македонија.
„Денес е историски ден за граѓаните на Република Македонија и за Република Македонија. Ова денес е ден во кој што ќе се бира за живот, за иднината на нашата земја. Ова денес е ден на кој се бира за напредна, слободна и единствена Македонија. Прв чекор кон тоа е слободно изразена волја на граѓаните на Република Македонија. Се надевам дека и токму тоа денеска ќе се случи“, изјави Заев.
Одговарајќи на новинарски прашања, Заев рече дека „прво што ќе направи вечер е дека ќе прогласи победа, а доколку не победи тоа ќе значи крај на неговата политичка кариера“.
„Ако на вака значајни избори се случи негативен резултат тогаш ми завршува политичката кариера, но не размислувам на оваа варијанта, зошто зрела е Македонија, животот се враќа и убеден сум дека победуваме. Веќе размуслуваме како да се втурнеме, да го подобриме и унапредиме животот и она што го ветивме пред граѓаните“, рече Заев./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

