Македонија
Заев очекува разумност при прегласувањето во Теарце
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, очекува граѓаните да излезат да гласаат за она кое што за нив е најважно секако во нивната определба и нивниот глас ќе биде испочитуван како и да го дадат, осврнувајќи се на прегласувањето во едно избирачко место во Теарце, што се случи о прифаѓањето на приговорот од оваа партија до Државната изборна комисија и Управен суд.
„Очекувам да покажат разумност и трезвеност во однесувањето, посебно заради тоа што се однесува на едно избирачко место. Македонија ќе се цени и по тоа избирачко место, како што ќе се цени по остатокот близу 3.500 избирачки места. Важно е изборниот процес да заврши регуларно и кредибилно. Сите знаат дека тоа е првиот чекор којшто Македонија мора да го направи и ништо помалку од тоа не смееме да си дозволиме“, рече Заев.
Појаснувајќи го отстапувањето од градоначалничката функција, што вчера го најави, тој во петок рече дела советничката Катерина Кузмановска станала пратеник, а била заменик-градоначалник од редот на советниците. „Вчера само објавив дека друг ќе ја врши функцијата заменик градоначалник и реков дека ова е последна моја седница на Советот на општина Струмица оваа година“, рече Заев.
На прашањето кога ќе се формира новиот Парламент, Заев вели дека верува дека ДИК е таа којашто ги толкува работите, а секако и сегашниот претседател на Собранието, Трајко Велјаноски. „Според нас и правните сектори, тоа значи 20 дена од денот на изборите треба да се конституира Собранието. Ако тоа не се случи на повик на сегашниот претседател на Собранието, на 21-от ден Собранието треба само да се конституира“, појасни Заев.
Лидерот на СДСМ, рече дека оставрил средба и со претседателот Бранко Црвенковски и со многу луѓе во целиот овој период и верува дека секоја мудрост е добредојдена заради тоа што важни се и огромни очекувањата на граѓаните во периодот којшто претстои.
„Ние сме убедени дека режим и диктатура завршија во Македонија. Апсолутно логичноста на одлуките коишто следат во Македонија се нешто коешто воопшто не треба да не изненади. Цело време ние укажуваме дека треба да бидат следени процедурите и почитувани државните институции, Државната изборна комисија и Управниот суд, иако апелиравме дека евентуална промена на севкупниот број на мандати не влијае на тоа кој ќе ја формира Владата. Сепак заради вистината и фактите, процесот треба да заврши демократски, регуларно и кредибилно“, рече Заев.
Сепак, додаде дека очекува да завршат сите процеси за да почнат разговари со партнери.
На прашањето дали доколку Али Ахмети лидерот на ДУИ го повика и него на утрешната средба со лидерите на албанските партии, како претставник на 70.000 граѓани Албанци ќе прифати, Заев вели дека е отворен за соработка.
„Токму тоа апелираме баш кај албанските партии. Нивно придружување кон Груевски, како што реков, ќе значи поддршка на режим и диктатура. Нивно одважување кон реформите и демократските процеси коишто доаѓаат за Македонија е вистинскиот чекор којшто треба да го направат. Отворени сме, без разлика на кој повик, без разлика на која било од албанските партии којашто има пратенички места“, додаде Заев./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ: Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна
Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна, соопшти АХВ.
Со контролите утврдено било дека 14 оператори воопшпто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата.
За утврдените недоследности со контролите, биле издадени 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20.550 евра.
„Кај 9 оператори со контролите утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, кај 7 била пронајдена храна со поминат рок на употреба. Кај двајца оператори најдена била и храна со непознато потекло. Несоодветно означена била храната кај 18 оператори, а кај 23, вработените немале спроведено задолжитрелен здравствен преглед. Двајца од операторите немале воспоставени процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса, или не воделе соодветни записи. Кај исто толку оператори не била извршена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите“, пишува во соопштението на АХВ.
Македонија
СДСМ: Наместо луксуз на власта со авиони, да се пренаменат пари за 600 евра минимална плата
Животот во Македонија станува сѐ поскап, работниците едвај врзуваат крај со крај, а власта сѐ луксузира врз грбот на народот, велат од СДСМ.
„Според последните податоци, синдикалната кошничка во февруари достигна 67.400 денари. На едно четиричлено семејство не му се доволни ниту 3 минимални плати месечно за да ги покрие основните потреби. Над 200 илјади работници земаат плата под 30.000 денари. Со сегашното ниско ниво на минимална плата не можат да се покријат трошоците за основни потреби, храната, сметки.. Тешкото секојдневие, високите сметки и поскапувањата ги доведоа работничките семејства на раб. И додека граѓаните се борат за корка леб, премиерот Христијан Мицкоски се луксузира на сметка на народот – со владини авиони, со скапи часовници од 60 илјади евра. Време е да се укине луксузот на власта, а работниците да добијат достоинствени плати, какви што заслужуваат. Бараме парите што власта ги планираше за нов авион да се пренаменат за минимална плата од 600 евра за сите работници. Нема повеќе оправдувања дека „нема пари“. Имало пари за нов авион, за мебел, за уредување кабинети, за службени автомобили. Нека направат ребаланс на Буџетот и нека ги пренаменат парите за плати. Доста е расфрлање со милиони за авиони – мали или големи – додека народот тоне. Доста е луксуз на грбот на народот“, стои во соопштението на СДСМ.
Македонија
Обвинителство: Забрана за две правни лица од Велешта да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум
Преземајќи истражни дејствија по наредба на Основното јавно обвинителство Струга за испитување на причините за загадувањето на водата од извориштето во селото Шум, истражните органи затекнаа работни машини на две правни лица од Велешта кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите, информираат од Обвинителството.
Како што се наведува во соопштението, поради сомненија за кривични дела – Незаконита експлоатација на минерални суровини од член 225-а и Загадување на водата за пиење од член 219 од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка веднаш достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрани на правните лица да ги посетуваат парцелите каде вршеле ископ и забрана да преземаат какви било работни активности на подрачјето.
Основното јавно обвинителство Струга продолжува да презема дејствија за обезбедување докази и испитување на евентуална кривична одговорност во однос на енормното загадување на изворите во Шум од каде подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење, стои во соопштението.

