Македонија
Заев повторно го вика Груевски на дуел
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од Карпош во саботата порача дека тој буквално ужива во оваа кампања, а им порака и на поддржувачите да уживаат „затоа што веќе победивме, го клекнавме режимот на колена“.
„Се сеќавате точно пред две години, кога овој првиот бандит, говореше петарди има, ајде нека пука, еве петардите до каде го донесоа. Се сеќавате кога од Филип Втори зборуваше – сонува Зајко оставка ќе сум дал! Еве го повеќе од година дена ќе прави како е во оставка. Кажавме дека ќе паднат првите бандити. Дадоа оставка Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков, Зоран Ставрески и Никола Груевски“, рече Заев.
Тој потсети на двата обиди за избори на 24 април и на 5 јуни, кога сите велеа ќе тргнат и малите партии, СДСМ ќе остане сам, но тие одбија да одат на избори, затоа што сметаат дека не се остварени основните предулови за одржување избори.
„Кажавме дека МРТ ќе има нов главен уредник, кажавме дека ќе има нов јавен обвинител, еве го СЈО. Се што кажавме беше така. Вечерва овде на Карпош и на Скопје му кажувам, во името на вистината, ќе победиме, режимот ќе падне“, рече Заев.
Призна дека по нивна грешка, „вториот бандит ви е овде, во општината. И не не предаде тој нас, со своето заминување. Ја предаде својата душа, своите деца, а после граѓаните. Знаете зошто? Пари се во прашање, пусти пари, предавник за пари“, рече Заев, алудирајќи на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.
„Затоа дозволете ќеифот од Карпош да си го направам. Да го повикам првиот бандит на дуел. Никола Груевски те повикувам на дуел. Прифати! Зошто бегаш, зошто молчиш? Нели е демократија? Или потврдуваш дека не е. Ако ти е тешко, земи го и вториот бандит со тебе. И Стевчо нека дојде, да позборуваме и за парите и за криминалот и за злосторството и за бандитизмот. Богови станавте. Повелете на дуел ако останало нешто достоинствено во вас, ако не скријте се во сукничката на мајка ви и заборавете на власта. Вашето време заврши“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на митингот во Карпош./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

