Контакт

Македонија

Закажано судење за „Пуч“, Катица Јанева ќе се појави во суд

Објавено пред

Во петок треба да почне судскиот процес за случајот „Пуч“ во којшто е обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Судењето е закажано за во 10 часот, но почетокот е неизвесен иако од Специјалното јавно обвинителство најавија дека во судот ќе се појави обвинителката Катица Јанева.

dobivaj vesti na viber

Предметот „Пуч“ го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а Специјалното јавно обвинителство го презеде овој случај бидејќи е поврзан со незаконското прислушување. Лидерот на СДСМ е четвртообвинет во овој случај. Првообвинет е Зоран Верушевски, обвинети се и неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски вработен во МВР и Бранко Палифров, функционер од Општина Струмица.По објавувањето на `бомбите` од страна на опозицијата, прислушувани разговори на високи функционери, тие беа обвинети за „шпионажа“ и „насилство спрема државни функционери“. /крај/мф/ффс

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

СДСМ: Документи откриваат дека Владата однапред решила да ја оштети државата со паркингот во Клинички

Објавено пред

Од СДСМ истакнуваат дека излегуваат на виделина сè повеќе докази за криминалната зделка на Владата на Мицкоски и Таравари за паркингот во Клиничкиот центар. Објавениот оглас за тендерот јасно како што велат, потврдува дека Министерството за здравство и министерот Арбен Таравари уште од самиот почеток однапред ја договориле оваа зделка за „Ѓока Констракшн“, при што приватната компанија ќе добие 99% од приходите, а државата само мизерен 1%! Документите кои ги криеше Таравари објавени во медиумите, додаваат дека го потврдуваат она во што се сомневаше СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Огласот објавен во ноември минатата година покажува дека самото Министерство за здравство поставило услов концесионерот да плаќа само 1% од приходите на државата! Тоа значи дека не понудувачот, туку министерството тоа го ставило како услов.

Таравари и Мицкоски свесно решиле паркингот да го предадат на приватна фирма, оставајќи ја државата без приход, додека пациентите ќе плаќаат речиси двојно поскапо паркирање! Ова е јасен доказ дека целата постапка е сомнителна и дека некој од власта ќе профитира од оваа зделка на грбот на граѓаните!

Но тоа не е сè – од истата објава јасно се гледа дека еден од условите за учество на тендерот бил компанијата да има изградено мостови! Каква врска има изградбата на мост со поставување монтажни гаражи во Клиничкиот центар?! Ова е класичен доказ дека тендерот бил специјално скроен за „Ѓока Констракшн“, компанијата што го има изградено мостот „Ваша“ во Албанија. Со овој сомнителен услов, Владата оневозможила реална конкуренција и обезбедила однапред познат победник“.

СДСМ бара итна истрага за корупција. Нагласуваат дека институциите не смее да молчат.

САпоред нив, Владата не смее да го забошоти овој случај, а Мицкоски и Таравари ќе мора да одговараат за овој класичен пример на корупција.

„Ова не е само обичен тендер – ова е обид за директен грабеж на јавните ресурси! Додека граѓаните плаќаат скапи услуги, владините функционери си договараат зделки што носат милионски профити за приватни фирми“, додаваат од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Македонија

ССМ најави можен штрајк на 2 и на 7 април доколку Владата не ги повика на преговори за 500 евра минимална плата

Објавено пред

Големи се шансите на 2 и на 7 април, доколку нема слух од спротивната страна, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) да излезе на протести, исто како и минатата година, најави денес претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. Место разбирање од Владата за покачување на минималната плата, Tрендафилов вели дека добиле ниски удари од политички структури на ВМРО-ДПМНЕ, партија која, место во парламентот со другите политички партии, се пресметува со ССМ.

dobivaj vesti na viber

„Јас лично како Слободан Трендафилов не знаев дека сум толку јак да ја обединам целата опозиција да застане зад мене и да поддржи зголемување на платите на работниците, а од друга страна, партијата на власт да се плаши од еден човек на кој планира да му ја скине главата. Тоа што сакам да го порачам денеска е дека нема да дозволиме апсолутно никому, без оглед дали доаѓа од власта или од опозицијатата, како ССМ, како организација што постои 79 години во Македонија, да ја напаѓаат. И не само да ја напаѓаат туку да работат и со политички наредби на локално ниво во јавните претпријатија, како и во министерствата од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, со наредба до нивните директори полтрони на нивните раководители и шефови да прават упади во локалните организации на ССМ сѐ со една цел – да го зајакнат КСС на сметка на работниците во Македонија, да прифати минималната плата да изнесува 24.400 денари“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов.

Ги повика колегите од другите синдикати да кажат дали се за покачување на платите до 5,5 или сакаат заеднички да се изборат за 12,6 % покачување на платите на сите вработени во јавниот сектор, како и дополнително зголемување на минималната плата за 6.000 денари.

„Ако некој смета дека 24.400 денари е доволна плата за работниците во Македонија како минимална плата под која не може да се исплати ниедна плата, а најниската плата во регионот е 457 евра во Србија, мислам дека ќе треба да ги запалат автобусите и да нѐ преселат сите од Македонија, нешто што мислам дека треба да ги загрижи апсолутно сите“, рече Трендафилов.

И денес тој обвини дека Владата ги повлекла членовите од комисијата за утврдување репрезентативност за работниците да не може да се изборат за предлогот 500 евра минимална плата, а Владата пак да се оправда дека немала со кого да разговара.

Премиерот Христијан Мицкоски минатата недела најави дека членови на комисија за утврдување репрезентативност ќе назначат на утрешната владина седница за да може да се одржи седница на Економско-социјалниот совет и да продолжат преговорите за минималната плата да се искачи на 500 евра.

ССМ предложи, покрај усогласувањето овој месец, минималната плата да се покачи за дополнителни 6.000 денари, износ за кој побара Владата или да се откаже од придонесите или да ги субвенционира во рок до 12 месеци.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од СДС, кој проверува цени во маркети, пред само два дена се гоштевале во кафеани во Струмица и за партиска журка потрошиле над 100 илјади евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Според ВМРО-ДПМНЕ, со секој изминат ден, СДС се повеќе го покажува своето лицемерие и аздисаност во трошењето на украдените пари од народот.

dobivaj vesti na viber

„СДС на терен може да направи попис на украдените пари од граѓаните од страна на нивниот сегашен и поранешен претседател, Венко Филипче и Зоран Заев.

СДС да одговори како со чиновнички плати се стигнува до луксузот и огромните богатства на нивната партиска елита?

СДС може да испита и после тоа да ја извести јавноста, како се стигнува до сопственички удел и банкарски сметки во Дубаи, како нивното дуо, неразделните Заев и Филипче?

СДС да провери и да одговори како од просечно земјоделско семејство, како што беше семејството Заеви, се стигнува до богатство со кое се градат висококатници во Дубаи?

Исто така, СДС која многу сака да излегува на терен, да излезе и да провери и после тоа да објасни на јавноста, како Венко Филипче стигна до хациенда во Нерези изградена од истата фирма која добиваше тендери кога тој беше министер за здравство“, истакнуваат од партијата на власт.

Како што велат, додека СДС лие крокодилски солзи за наводна загриженост за граѓаните, пред само два дена потрошија над 100 илјади евра за партиска собиранка во Струмица, а не одговорија со кои пари ги платиле автобусите за до таму.

За лицемерието да биде уште поголемо, додаваат од владејачката партија, додека прави попис низ маркетите кои се цените на прехранбените производи, на журката од пред два дена СДС се гоштевале по кафеани и рестораните низ Струмица.

Бараат СДС, да даде одговор, кој ги плаќал сметките по кафеаните и рестораните во Струмица.

Оценуваат дека со секој изминат ден, СДС само се повеќе си го покажува своето лицемерие и аздисаност во трошењето на украдените пари од народот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

ССМ најави можен штрајк на 2 и на 7 април доколку Владата не ги повика на преговори за 500 евра минимална плата

Големи се шансите на 2 и на 7 април, доколку нема слух од спротивната страна, Сојузот на синдикатите на Македонија...

Македонија1 час

Камбовски: Личен чин е дали членовите на Судскиот совет ќе поднесат оставки или не

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски денеска изјави дека набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд, а изборот...

Македонија2 часа

Андоновски до потписот не знаел дека компанијата што добила два тендера во неговото министерство е на сопругот на државната секретарка

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски не ги поништил тендерите за набавка со компанијата сопственост на сопругот на државната секретарка...

Свет2 часа

Кремљ: Русија и САД имаат долг и тежок пат пред нив

Русија верува дека обновувањето на односите со САД е долгорочна и тешка задача, но верува дека постои политичка волја за...

Топ4 часа

Две лица од Ресен и Штип загинаа во сообраќајни несреќи вчера во Македонија

Две лица го загубија животот во одделни сообраќајни незгоди во текот на вчерашниот ден. Првата се случи на магистралниот пат...

Економија5 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе oдлука...

Македонија6 часа

Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување девет амбасадори од должноста

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги потпиша указите со кои се отповикуваат осум амбасадори од должноста бидејќи заминале на тие позиции без...

Македонија7 часа

Пендаровски е озборувач, кој покажа дека е против Америка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Социјалдемократскиот сојуз си го покажа вистинското лице и на планот на меѓународната политика на државава. Освен нивните аналитичари, сега и...

Македонија7 часа

„Мицкоски и Таравари се препелкаат во лаги – зошто веднаш не ја отфрлаат штетната понуда на ‘Ѓока констракшн’“, прашува СДСМ

„Не е јасно кој повеќе лаже – дали Мицкоски или Таравари – во однос на случајот со паркингот на Клиничкиот...

Свет8 часа

(Видео) Новиот канадски премиер: Трамп ги напаѓа нашите работници и семејства, тоа нема да го дозволиме

Поранешниот гувернер на централната банка Марк Карни победи во трката за лидер на канадската владејачка Либерална партија и ќе го...

Европа9 часа

Европа значително го зголеми увозот на оружје во последните четири години

Европскиот увоз на оружје се зголеми за 155 отсто помеѓу 2020 и 2024 година, при што Украина стана најголемиот увозник...

Свет9 часа

Израелците лути на Американците; Претставникот на Трамп: Навистина не ми е грижа

Пратеникот на Трамп за прашањето за заложниците, Адам Болер, рече дека „навистина не му е грижа“ за критиките од израелскиот...

Свет10 часа

Иран: Ќе преговараме со САД, само без притисок и закани

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи синоќа во објава на социјалната мрежа Икс напиша дека неговата земја ќе преговара...

Свет10 часа

(Видео) Трамп: Украина можеби нема да преживее

Доналд Трамп синоќа изјави дека Украина можеби нема да преживее, со или без Американците. Тој го изјави ова во интервју...

Македонија20 часа

Андоновски најави нови правила за онлајн медиумите

Со измените на Законот за медиуми, кои се во владина процедура и наскоро ќе влезат во собраниска расправа, ќе се...

Топ21 час

Еден загинат на патот Битола-Ресен

Попладнево на регионалниот пат А3, Битола-Ресен кај местото викано Макази се случи сообраќајна несреќа во која загина 46 – годишен...

Топ23 часа

Нарко-босот Валмир Етеми беше екстрадиран, а сега е пуштен од притвор со гаранција од 600.000 евра

Обвинетиот Валмир Етеми кој е организатор на криминална група за трговија со дрога и оружје во охридско-струшкиот регион, кој беше...

Македонија1 ден

Јанев: Секој возач е потенцијална „жртва“ доколку не ги почитува сообраќајните правила

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, најави дека се размислува за комбинирање на повеќе мерки за подобрување на...

Македонија1 ден

Василевска: ДУИ си вработи луѓе кои не одат на работа, а земаат плата, затоа глумат политичка жртва

Негативната селекција и позитивната дискриминација се два главни проблеми со кои македонското општество мора да се справи доколку сака вистински...

Топ1 ден

„БМВ“ удри во мопед, еден малолетник е тешко повреден, а другиот полесно

Еден малолетник е тешко повреден, додека друг добил полесни повреди откако во нив удрило „бмв“ додека тие биле на мопед....