Македонија
Замјотресот во 20,57 часот со магнитуда 2,1
Серијата потреси којашто го зафати сопското епицентрално подрачје во неделаа продолжи со новиот подземен удар регистриран во 20,57 часот со магнитуда од 2,1 степен според Рихтер.
Нов земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала се случи во неделата вечерта вечерва околу 20,57 часот во Скопје, покажуваат податоците на Сеизмолошката опсерваторија на Природно-математичкиот факултет во копје. Епиценарот на овој потрес е на два километра јуоисточно од Скопје.
Според податоците коишто досега се објавени, во неделата во Скопје и околината се регистрирани меѓу девет и 14 потреси. Најсилниот се случи во 15,10 часот со магнитуда од 5,3 степени.
Првиот потрес според околните станици во неделата утрото во 4,58 часот, бил почувствуван уште еден земјотрес од 3,9 степени според Рихтер, со епицентар во пограничниот регион меѓу Косово, Србија и Македонија, на длабочина од 10 километри, а потоа скопскиот е регистриран во 6,58 часот со јачина од 4,2 степени, а потоа следуваат потресите во 7 часот од 2,8 степени, до оној во 15,10 часот. По овој најсилен потрес со магнитуда од 5,3, регистрирани се серија послаби треперења на почвата, кои се почувствувани во Скопје. Во 15,14 часот имало земјотрес со јачина од 2,9 степени, во 15,19 часот од 2,8 степени, потоа во 15,30 часот со 2,1 степен.
Според информациите на френцускиот Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), по овој следувале уште три земјотреса: во 16,07 часот со магнитуда од 2,6 степени, во 16,45 часот со 2,4 степени и ноќта во 20,57 часот со магнитуда од 2,1 степен.
Серијата земјотреси, чии хипоцентри се на длабочина од два до десет километри, внесе страв и паника кај жителите на Скопје, кое во 1963 година го доживеа еден од најкатастрофалните потреси во поново време на европскиот континент со над илјада жртви.
Здравствените служби соопштија дека вкупно околу стотина лица побарале медицинска помош, главно поради искршеници и расекотини со коишто се добиле додека бегале од домовите. Пријавени се повеќе испукани ѕидови, а од еден паднат оџак од кој се оштетени две возила.
Голем број жители на македонската престолнина и во раните нооќни часови сé уште се на отворените јавни површини и во парковите./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

