Македонија
Започна обуката на 440 кандидати за полициски службеници
Во Центарот за обука во Идризово започна обуката на 440 кандидати за идни полициски службеници коишто во наредните 12 месеци ќе се обучуваат во Центарот за обука.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, во понеделник ги посетија кандидатите. Овие кандидати се селектирани по конкурсот за прием на полициски службеници што беше распишан на крајот на октомври минатата година на кој се пријавија вкупно 3.273 кандидати. По ригорозната селекција која се одвиваше во неколку фази, административна проверка, проверка на моторички способности, психолошки тест, писмено тестирање и здравствени прегледи, беа избрани 440 кандидати од кои 348 мажи и 92 жени.Во наредните 12 месеци во рамки на трите модули за обука во трaење од по четири месеци ќе се направи дополнителна селекција до бараниот број на нови полициски службеници согласно јавниот оглас. Ова е трет конкурс за прием на полициски службеници во МВР во последните три години при што во 2012 година беа примени 300 полициско службеници, во 2013 година – 400, и согласно последниот конкурс од 2014 година уште четиристотини полициски службеници или вкупно 1.100 нови полициски службеници. /крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Променливо облачно и тивко со појава на магла
Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник преку денот ќе се задржи стабилно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Кон крајот на денот и во следните денови под влијание на серија влажни воздушни бранови ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.
Македонија
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека планот за управување со квалитетот на воздухот во Скопје ќе го спремаат докажани експерти
Имплементацијата на мерки кои ќе бидат предвидени во План за управување со квалитетот на воздухот во Скопје ќе го спремаат експерти со докажано искуство и успешни проекти позади нив, а не ПР кампањџии, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на Град Скопје.
Мерките од овој план ќе бидат поддржани од градските власти и ќе се бара мерливост на резултатите и отчетност во реализацијата.
За дел од мерките ќе бараме помош при финансирањето, а дел од мерките од овој план ќе се финансираат од пари на граѓаните и тие не смее веќе да се трошат како до сега, во проекти со сомнителен квалитет, без мерливи резултати и подготвувани од аматери.
Прашањето на чистиот воздух е прашање на нашето здравје. А нашето здравје и здравјето на нашите деца нема да им го довериме на оние кои својот успех го мерат само во бројот на лајкови кои ловат во матното поле на паниката која ја создаваат кај граѓаните, туку во мерливи резултати.
Прашањата поврзани со квалитетот на воздухот ќе ги решаваме со вклученост на вистински стручњаци, затоа што се работи за здравјето на нашите деца, а не на кариерата на некој опозициски советник.
Светските примери на градови кои влегле во борбата со аерозагадувањето и успешно се борат, покажуваат дека посветената борба трае долги години и не започнува со ПР акции на денот кога воздухот е најзагаден, туку со систематски поставен План за управување со квалитетот на воздухот и имплементација на неговите мерки.

