Македонија
Заврши протестот на „Протестирам“

Заврши протестот и на граѓанското движење „Протестирам“, од каде ги повторија барањата за формирање експертска влада, повлекување на одлуката за аболиција и одложување на изборите.
Приврзаниците на „Протестирам“ најпрво се собраа пред просториите на СЈО, во знак на поддршка на ова Обвинителство, потоа се упатија кон зградата на ЕУ и стандардните рути кои ги минуваа изминатите девет дена.„Протестирам“ во четврток вечер организираше протести и во Велес, Битола, Штип, Гостивар и Струмица. /крај/ст
Извор: Телма
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во близина на дискотеката во Кочани имало склад за нафта

Склад за гориво имало во близина на дискотеката „Пулс“ каде што во пожар загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.
Оваа информација денеска ја потврдија и од Обвинителството.
„При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат“, информираа од Обвинителството.
Од таму соопштија и дека до овој момент Основното јавно обвинителство Кочани предложи определување мерка краткотраен притвор за 16 лица. Предлозите се прифатени и мерката е определена за сите 16.
Македонија
Краткотраен притвор за 16 лица во случајот со пожарот во Кочани, соопшти Обвинителството

До овој момент Основното јавно обвинителство Кочани предложи определување мерка краткотраен притвор за 16 лица.
Предлозите се прифатени и мерката е определена за сите 16 лица, соопшти Обвинителството.
Од таму потврдуваат и дека при увидот било констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот.
Сите други околности се испитуваат, нагласија надлежните.
Македонија
Филков се потпиша во книгата на жалост: Одговорност ќе има и правдата ќе биде задоволена

Министерот за правда Игор Филков се потпиша во книгата на жалост отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија по повод трагичниот настан во Кочани.
„Изразувам длабоко сочувство за трагично загубените млади животи во Кочани. Оваа несреќа нè потресе сите оставајќи неизмерна болка и тага. На повредените, кои се згрижени во болниците во земјата и надвор од неа, им посакувам брзо и целосно закрепнување. До граѓаните упатувам јасна порака – одговорност ќе има, а правдата ќе биде задоволена! Министерството за правда и јас како министер ќе направиме сè што е во наша надлежност за да се осигуриме дека вистината ќе излезе на виделина, а одговорните ќе сносат последици! Правда ќе има!“, вели министерот за правда, Игор Филков.