Македонија
Здружението „Јавна соба“ доби објект на користење од Министерството за одбрана
Министерот за одбрана, Зоран Јолевски во присуство на министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, во петок симболично му ги предаде клучевите на претставникот од Здружението „Јавна соба“, Александар Велиновски од објектот кој досега беше под надлежност на Министерството за одбрана.
Министерот Јолевски во изјава за медиумите го истакна значењето на креативните индустрии и додаде дека за развој на оваа индустрија има целосна поддршка од Министерство за одбрана.
„Економија базирана на креативност и знаење е важна фаза од развојот на секоја земја. Сигурен сум дека овој објект ќе им користи на сите наши уметници и на други луѓе кои имаат идеи, за нивните иновации да бидат нотирани и потоа искористени за развој на бизнисите во земјата и да си го најдат местото на пазарот“, истакна Јолевски.
Во овој објект лицата кои имаат креативни иновации ќе можат истите да ги развијат и да се сретнат со потенцијалните инвеститори кои потоа би ги вклучиле во нивните производства, и би ги реализирале на пазарот.
Министерката, Канческа Милевска истакна дека овој Центар за дизајн односно Дизајн прототип Центар – Јавна соба ќе биде еднинствен од овој тип на Балканот, кој има за цел да го подигне и артикулира работењето на дизајн секторот во Македонија и регионот.
Претставникот на Центарот, Александар Велиновски изјави дека оваа нова институција ќе биде значајна за дизајнерите, но истовремено и за бизнис-секторот.
„Бизнис-секторот преку креативноста на младите дизајнери ќе го унапреди своето работење а, од друга страна, дизајнерите ќе постигнат самостојност во работењето“, истакна Велиновски.
Објект со вкупна површина од 1.450 метри квадратни, со одлука на Владата му е даден под наем на Здружението „Јавна соба“ од Скопје за период од 20 години. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

