Македонија
Жерновски: На таквите како Груевски местото им е во поправни домови и здравствени установи
Градоначалникот на општина Центар, кој во четврток беше повикан на распит во Специјалното јавно обвинителство за протестите што се случија пред три години пред општина Центар, по распитот порача дека денеска уште повеќе верува дека правдата ќе ги стигне сите.
„Треба да одговараат не само криминалците, туку треба да одговараат и насилниците. Очигледен пример за такво нешто е Никола Гревски кој исфрустриран од изборниот пораз во општина Центар, од позиција на премиер, нарачува демолирање на општината која е под раководство на опозицијата и нарачува шамари и физичка пресметка со мене. Тоа е една од најгрозните вистини за него, коишто ги дознаваме од прислушуваните разговори. Од тие материјали може да видиме дека станува збор не само за криминалец, туку и за насилник и кукавица. На таквите како Груевски не им е местото во политиката , местото им е во поправни установи, а од она што го слушнавме и во здравствени установи“, изјави Жерновски.Тој приложил докази во обвинителството со кои, според него, се докажува дека учесниците во протестот за наводна одбрана за рушење на црквата на плоштад, се луѓе блиски на ВМРО-ДПМНЕ, регрутирани од јавните претпријатија. Жерновски доставил и фотографии на кои учесниците на протестот се сликани со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, поранешната Министерка за внатрешни работи, Гордана Јанулоска и Претседателот, Ѓорге Иванов.Сепак Јавното обвинителство и по три години, како што рече Жерновски, не смогнало сили да отвори предмет за овој случај.„Нешто сакам да му порачам директно на Груевски. Јас не знам каков боксер си бил ти, но дознав дека никогаш не си учествувал на некој боксерски меч. Затоа, бидејќи повеќе од очигледно е дека ќе имаме можност да се видиме во судница, а ти секогаш, очигледно од овие разговори, си праќал друг во боксерскиот ринг наместо сам да учествуваш, ќе имаме таму можност директно да се спротивставиме, да видиме колку си храбар бидејќи имаме нерасчистени сметки“, рече Женовски.Како што се слуша во една од „бомбите“ на опозицијата, тогашниот премиер Никола Груевски, во разговор со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, нарачува и договара протест пред општина Центар во наводна одбрана за рушењето на новата црква, при што дел од донесените граѓани треба да влезат во салата на Советот и пред сите советници и медиуми, да му „врзат три-четири јаки шамари” на тукушто избраниот градоначалник на општина Центар. За овој случај Специјалното јавно обвинителство отвори случај, а како што најави Специјалната обвинителка, Катица Јанева деновиве во СЈО ќе бидат викнати на распит голем број на сведоци во повеќе случаи./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР
Македонија
Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата
Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните.
,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева.
Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што посочи, се враќа суштината на кривичното дело злоупотреба на службена положба.
,,Се враќа суштината на злоупотреба на службена положба, пречекорување на овластувањата или неизвршување на службена положба. Со овој закон се распушта претходниот закон во 2023 година кој беше донесен од СДС и ДУИ, каде што беше разводенет, односно каде што казните беа намалени, дејствијата беа потешко докажливи, а роковите за застареност беа скратени“, истакна Ѓорѓиева.
Според неа, законот не е наосочен против оние кои работат чесно, туку против корупцијата и злоупотребата на службената положба.
,,Држава без кривичен закон е како држава без рбтет. А држава без рбет секој може да ја скрши. Почитувани граѓани, овој закон е порака до секој што мисли дека државата е приватен бизнис, овој закон е порака дека времето на неказнивост завршува и да, можеби на некому тоа не му одговора, но на народот тоа му одговара, и тоа го бара од нас“, вели Ѓорѓиева.

