Македонија
ЗНМ и ЗНС: Србија да му одобри азил на Зоран Божиновски
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Здружението на новинарите на Србија (ЗНС), бараат од српскиот министер за правда, Никола Селаковиќ, да одобри азил и да не дозволи испорачување на Зоран Божиновски во Македонија.
„Како што ЗНС дознава, Зоран Божиновски синоќа е пуштен од екстрадициониот притвор со ограничена слобода на движење. Екстрадиционата постапка се уште трае, а барањето за азил се уште не му е одобрено“, се вели во заедничкото соопштение на ЗНМ и ЗНС.
Здруженијата истакнуваат дека испорачувањето на Божиновски би било лоша порака за останатите новинари кои ги истражуваат врските на бизнисот, политиката и криминалот и дека Република Србија со одлука за давање на политички азил на Зоран Божиновски ќе покажела дека го почитува правото на заштита на новинарската професија и слободата на истражувањето.
ЗНМ и ЗНС потсетуваат дека во последниот годишен извештај за Македонија, Европската комисија наведува дека во македонското судство е присутна селективна правда.
„ЗНМ и ЗНС стравуваат дека Зоран Божиновски во Македонија нема да има фер судење и истакнуваат дека и Република Србија, со евентуална одлука за испорака себеси ќе се компромитира пред меѓународните демократски институции“, се вели во соопштението.
На 7-ми ноември 2013 година, Зоран Божиновски беше уапсен во Нови Сад со потерница од Интерпол со обвинение за злосторничко здружување, шпионажа и уцена според Кривичниот закон на Македонија и од тогаш се наоѓаше во екстрадиционен притвор.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

