Македонија
ЗНМ: Отпуштањата во МПМ е смислен удар врз професионалното новинарство
Отпуштањето на 20 вработени од Медија принт Македонија, од кои мнозинство новинари од дневниот весник Вест, претставува смислен удар врз професионалното новинарство и слободата на медиумите, реагираат од Здружението на новинарите на Македонија(ЗНМ).
По смената на главниот уредник Горан Михајловски, со новите откази, менаџментот се пресметува со новинарите основачи на весникот кои не дозволуваат да се злоупотреби новинарството заради интересите на власта. Откако новиот уреднички тим не успеа да го искористи старото руво на Вест за да се протурат ставови на власта, менаџментот се реши да го умртви весникот“, се вели во реакцијата. Според ЗНМ, со откази менаџментот на компанијата не ги решава причините на кризата. „Тие не треба да ги бараат кај основачите на весникот, кои од Вест направија најчитан весник во Македонија, туку во новата уредувачка политика, која весникот го претвори во навивач на власта. Во светот се уште не е смислен успешен медиумски бизнис модел, кој е заснован на партизирано новинарство. МПМ е типичен пример како медиумите се користат како монета за поткусурување за задоволување на интересите на нивните сопственици и власта. Само во недемократски земји, медиумите се жртвуваат заради клиентелистичките односи на политиката и бизнисот“, пишува во реакцијата на ЗНМ. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

