Македонија
ЗНМ: УЈП да ја одблокира сметката на МРТ
Блокирањето на сметката на Македонската радио телевизија од страна на Управата за јавни приходи претставува дрзок упад на владата врз институционалната автономија на јавниот сервис, реагираат од Здружението на новинарите на Македонија(ЗНМ).
„Блокирањето на сметката е смислен притисок на власта со цел да го дисциплинира јавниот сервис и да влијае на начинот на известување во пресрет на предвремените избори“, велат од ЗНМ.Според нив, ваквите притисоци треба да го оневозможат јавниот сервис да обезбеди еднакво медиумско претставување на сите учесници во изборниот процес.„Апсурдно е УЈП да глуми финансиска дисциплина и да ја обвинува МРТ за неплаќање на даноците кога самата Управа не е во состојба да ја наплати радиодифузната такса, што е основен извор на финансирање за јавниот сервис. Место да ја блокира сметката на МРТ, УЈП треба да и објасни на јавноста зашто досега не ја исполнува законската обврска и во целост не ја наплати таксата“, порачуваат од ЗНМ.За ова Здружение повикот на владата УЈП и МРТ да се спогодат околу наплатата на даноците е чисто лицемерие, кога владините партии не дозволуваат да се постигне решение за стабилно финансирањето на јавниот сервис. „Владата со глумење конструктивност не може да ја сокрие одговорноста за лошата финансиска состојба на јавниот сервис. Бараме УЈП веднаш да ја деблокира сметката на МРТ и сериозно да се заложи за наплата на радиодифузната такса и да се обезбеди нормална работа на јавниот сервис“, се вели во реакцијата од ЗНМ. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика
По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското чистење на главниот град и општината Чаир. Од партијата наведуваат дека акцијата не се однесува само на улиците, туку и на „целиот менталитет што го остави градот во хаос со години“.
„Мирисот што доаѓаше од контејнерите беше ист како мирисот што доаѓаше од канцелариите на довчерашната власт, власт што блокираше, крадеше и не се грижеше за никого освен за себе“, се наведува во соопштението.
Според „Влен“, граѓаните на Скопје на 19 октомври и 2 ноември ставија крај на оваа ера на политичко загадување.
Во партиското соопштение се додава дека е соборена неуспешната ко-влада меѓу Арсовска, Блерим Беџети и Левица, трио што оставило зад себе кал, долгови и град што се дави во хаос. Од ВЛЕН оценуваат дека оние што сакаа да им наштетат на Ссопјани, особено на Чаир, сега гледаат дека градот можеше да се исчисти и навистина се чисти, без нив.
Во завршниот дел на соопштението се наведува дека денес, Чаир со Изет Меџити на чело дише слободно.
„Улиците се чистат, но пред сè, се отстрануваат последиците од долгогодишните блокади и занемарувањето на чаирчани од страна на градската власт. Ова е чистењето што го чекаше Скопје – чистењето на совеста, одговорноста и старата политика“, порачаа од „Влен“.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 степени.
До понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа повремено врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²). Од вторник ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорѓиевски објави фотографии од почетокот на акцијата за чистење, поддршка му даде и Мицкоски
Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави фотографии на социјалните мрежи на кои се гледаат десетици камиони и други возила кои ќе го чистат Скопје.
Ѓорѓиевски во неговата изборна кампања вети дека кога ќе стане градоначалник, откако ќе му биде врачен мандатот за 72 часа ќе го исчисти Скопје.
„Започна големата акција за чистење на Скопје! За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува. Секој агол, секоја улица, плоштад со заеднички сили ќе бидат чисти. Скопје ќе блесне – уредено и достоинствено, токму како што доликува!“, напиша Ѓорѓиевски.

