Македонија
ЗНМ: Владата повторно го менува Законот за медиуми без јавна расправа
Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за помалку од девет месеци третпат трпи промени, а Владата, како и досега, го менува во сктарена постапка без никаква консултација со новинарските и медиумските организации и без јавна расправа, се вели во реакцијата на Здружението на новинари (ЗНМ) испратена до медиумите во земјава.
Од таму констатираат дека со ваквото постапување, Владата покажува оти целта на Законот не е да ја заштити слободата на медиумите и да ги промовира интересите на медиумите и новинарите, туку да им послужи на дневно-политичките интереси.
Од ЗНМ велат дека со најновите измени Владата ги зголемува овластувањата на директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги „со цел да ги дисциплинира медиумите“ и го уредува начинот на исплата на надоместокот „на националните радиодифузери за производство на домашна документарна и играна програма“.
„Владата наместо да ги покрие половина од трошоците за домашна продукција, треба да ги преполови часовите за емитување на домашна документарна и играна програма на националните радиодифузери. Ние се сомневаме дека со делумната компензација на трошоците за производство на ваков вид програма, Владата нема намера да го поттикне домашното производство, туку да го зголеми уште повеќе финансискиот притисок врз медиумите за да се зајакне контролата врз нивната уредувачка политика“, се вели во соопштението.
Со ова решение, како што велат од ЗНМ, Владата влијае и врз содржината на домашната продукција „зашто оценката за подобноста некој проект да биде финансиран од Владата ќе ја донесе меѓу – ресорска комисија, која е политички орган“.
Од ЗНМ побараа Владата наместо вакви решенија со кои го зголемува учеството во финансирањето на медиумите, да отвори дебата за законско регулирање на владините кампањи.
„Тоа е барање на новинарските и медиумите организации во земјата, но и на Обединетите нации и на Европската унија. Тој закон треба да го дефинира јасно јавниот интерес на владините кампањи, трошењето да биде транспарентно и распределбата да биде врз основа на јасни критериуми“, се додава во соопштението.
Според ЗНМ, само на тој начин Владата може да ја подобри состојбата со слободата на медиумите во земјава и да престане да паѓа на светските ранг листи за слобода на медиумите./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

