Македонија
(Видео) Ковачевски: Државотворните одлуки носат придобивки, добивме 80 милиони евра помош од ЕУ

Државотворните одлуки носат придобвки за граѓаните и граѓаните може да ги видат и да ги почувствуваат, рече на денешната трибина Силно и одлучно кон иднината“ претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
-Донесовме тешки, но државнички одлуки. Придобивките од тие државнички одлуки сега сите ние, целата јавност, сите граѓани може да ги видат, да ги почувствуваат.Нема потреба да се навраќам многу наназад, само во изминатите 5 дена ќе споменам неколку важни работи за овие придобивки. Од Европската Унија добивме силна финансиска поддршка за справување со енергетската криза. Првата транша е во износ од 80 милиони евра, кои ќе ги подигнеме на почеток на наредната година. Дополнително, Северна Македонија ќе биде вклучена во зедничката набавка на гас и енергенси на ниво на Европската унија. Исклучително важно во време на глобална енергетска криза, рече претседателот Ковачевски.
Македонскиот јазик го обезбедивме, се изборивме за македонскиот јазик и идентитет да бидат признаени и потврдени во ЕУ. Еднаш, засекогаш, додаде Ковачевски.
-Историски исчекор направивме, го потпишавме договорот со Фронтекс, првиот документ со Европската унија на официјален македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички и додавки и без никакви други појаснувања. Тоа го ветив и тоа го исполнив. Македонскиот јазик го идзигнавме на исто рамниште со сите јазици во Европската унија. Ете тоа се европски вредности, тоа се вистински одлуки, тоа е вистински патриотизам. Тоа е СДСМ и се што значат овие 4 букви., рече во обраќањето претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Сопиште, Аеродром и Студеничани

Без струја денеска ќе останат делови од општините Сопиште, Аеродром и Студеничани.
ЕВН Македонија АД известува дека на ден 31.07.2025 година ( четврток ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 07:00 до 16:00 часот, од последна автобуска станица 24ка до маркет„ДАВИДОВ“ . (општина Сопиште)
– во периодот од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од ул.Ѓорѓи Капчев. (општина Аеродром)
– во периодот од 09:30 до 12:00 часот, дел од корисниците на селото Морани СЕЛОТО МОРАНИ (општина Студеничани)
– во периодот од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од викендици Дражилово, ХПП Патишка Река, Крас Јаболце.(општина Сопиште)
Македонија
Во прекин сообраќајот на патот Струмица – Берово

Од вчеравечер 22:10 часот сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Берово, поточно кај „Сарајска раскрсница“, е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме

Времето денеска, променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Во петок и сабота ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура. Ново дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во недела и во почетокот на следната седмица.