Македонија
(Видео) Коциќ: Скандалозна злоупотреба на комисијата за Онкологија, Мизрахи да си даде оставка
Рашела Мизрахи и ДПМНЕ ја злоупотребија комисијата за Онкологија и побегнаа затоа што немаат никакви аргументи. Сакајќи да ги престави своите или заклучоците од белата палата како заклучоци на комисијата, направи преседан во Сообранието и ја злоупотреби својата политичка функција. Рашела Мизрахи требаа веднаш да си поднесе оставка поради својот однос кон пациентите на Онкологија, кој е недозволив. Мизрахи на анкетната комисија само ги прочита заклучоците, кои доаѓаат од блата палата на ВМРО-ДПМНЕ и без гласање си замина еден час на пауза, реагираат од СДСМ.
„Не постои интерес на ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните, а со односот на Рашела бевме сведоци на една класична политичка злоупотреба од страна на ВМРО-ДПМНЕ и претседателката Рашела Мизрахи. Таа докажа дека нивната анкета било само заради политичка цел. Нам ни беше работа да откриеме дали имало злоупотреба на правата на пациентите. Но, таа ја зеде улогата на обвинител на судија и врз основа на свои заклучоци почна да наведува кој колку треба да издржи затвор, без никакви докази. Ова е класична злоупотреба на функцијата, каде што пациентите и грижата за нив не се важни, туку само политичките цели на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ.
Во изјавата тој додаде дека СДСМ ги изнесе своите заклучоци, во кои бараат од Основното јавно обвинителство веднаш да ги расчисти сомнежите за терапијата на Клиниката за онкологија. Од таму велат дека постоеле долгогодишни системски слабости на функционирањето на Клиниката, констатирани во извештаите за 2021, 2012 и за 2008 година.
Се констатира и дека до 2017 година не била набавувана соодветна и навремена терапија за лекување на пациентите на Онкологија, а со измените на Законот за здравственатазаштита се дозволило увезување лекови без сертификат од ЕУ и тоа претставувало потенцијална опасност за увезување лекови со сомнително потекло.
„Ние како Собрание сме должни да ги погледнеме системските слабости, да донесеме соодветни заклучоци, кои ќе бидат во корист за да помогнеме за подобрување на здравјето на нашите сограѓани“, вели Коциќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
В сабота протест во Неготино за правда на Фросина: „Стоп за сообраќајното насилство“
Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи в сабота во Неготино, објавија организаторите на настанот на социјалните мрежи. Маршот ќе започне во 14 часот на улица „Маршал Тито“.
Како што се објавува на социјалните мрежи, другарките на Фросина Кулавкова која беше прегазена на 29 јануари, организираат бесплатен превоз до Неготино и назад за оние кои се од другите градови, а сакаат за бидат дел од протстот.
Според најавата која се шири на социјалните медиуми од Скопје автобусите ќе поаѓаат во сабота во 11 часот пред хотелот „Холидеј Ин“, а се повикуваат учество да земат и студентите.
Фросина Кулакова беше прегазена на пешачки премин на булеварот Партизански одреди во Скопје на 29 јануари од 20-годишниот Васил Јованов за кого беше објавено дека возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло.
Македонија
„Тој се’ уште не е правосилно осуден, и да добил затвор ништо немало да се промени“, вели професорот Калајџиев
Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев на социјалните мрежи ја коментираше тезата дека сообраќајната несреќа во која смртно беше прегазена Фросина Кулакова, немала да се случи ако возачот добил затворска казна.
„Тезата дека сообраќајката немала да се случи ако возачот добил затворска казна е неточна и лаичка! Тој се’ уште не е правосилно осуден и се чека одлука од Апелација. Тоа значи дека и да добил затвор ништо немало да се промени“, напиша тој.
Македонија
Утрото ведро и студено, преку ден сончево со мала до умерена облачност
Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време со ниски утрински температури. Во петок во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд во јужните делови.