Македонија
(Видео) Ѓорѓиев: Гоце Делчев е симбол на една епоха и борба на македонскиот народ за слободна македонска држава
Годинава имаме и 120 години од Илинденското востание, имаме 130 години од создавањето на македонската револуционерна организација, 120 години од загинувањето на Гоце Делчев, 120 години од објавувањето на „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков. Овде станува збор за година на многу чествувања, година која е исполнета со македонска борба, со македонски пројави за македонска држава, изјави професорот Ванчо Ѓорѓиев на денешната трибина насловена „Гоце е Македонија“ во рамките на одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на ВМРО.
Тој додаде дека денес, денешниот ден е прогласен за ден со висок безбедносен ризик а пак над главите на жителите на главниот град летале хеликоптери, како да е ситуација во воена состојба.
„Гоце Делчев е симбол на една епоха, на една борба на македонскиот народ, борба за слободна македонска држава или во најмала мера, како што тие планирале да влезе како рамноправен и државотворен член на една поширока балканска конфедерација или федерација“, рече Ѓорѓиев.
Тој посочи дека организација на која припаѓал Гоце Делчев е организација која размислувала за интеграција и спојување на народите.
„Оваа организација кон која припаѓал Гоце Делчев и многу современици всушност е организација која е далеку далеку пред сите на Балканот која размислувала за интеграција, спојување на народите, државите и за развој на економијата за просперитет и отворени граници. Додека пак другите се залагаа за проширување на своите територии за грабување на туѓи народи“, вели Ѓорѓиев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

