Македонија
(Видео) Во државата активни 12 пожари, до крајот на денот пристигнува и другата меѓународна поддршка, најави Ангелов
Денеска, имало вкупно 20 пожари на отворено на територијата на државата, од нив пет се целосно изгаснати, под контрола се ставени три пожари, а 12 пожари сѐ уште се активни.
„Апелирам до сите граѓани во текот на утрешниот празничен ден да бидат исклучително внимателни, особено доколку се движат во природа за да не предизвикаат пожари, кои може да завршат со катастрофални последици“, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Информира дека во текот на денешниот ден на располагање биле неколку домашни летала: еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, како и два армиски и два полициски хеликоптера и еден српски хеликоптер.
До крајот на денот, дополни Ангелов, ќе пристигне и другата меѓународна понош со европскиот механизам за цивилна заштита.
Еден полициски хеликоптер заедно со српскиот хеликоптер денеска дејствувале во реонот на Старо Нагоричане, кај селата Малотино и Рамно.
Овој пожар е на многу тежок непристапен терен, информира Ангелов.
Било дејствувано и во Кратовско и Пробиштипско. Чешкиот хеликоптер, според најавите, треба да дејствува на територијата на Пробиштип и Свети Николе.
„Ангажирани се 160 припадници на Армијата, но дејствуваат и голем број локални пожарникари со поддршка од соседните градови, на многу места помага и локалното население, а на некои места се користат и доброволните противпожарни друштва, кои имаат соодветена опрема, но и обука“, информира Ангелов.
Според него, ваков обем и динамика на пожари сме немале од осамостојувањето на државата.
Главноот штаб за управување со кризи е во постојано заседавање, дополни Ангелов, и тој одлучува за приоритетите за гаснење на пожарите.
„До крајот на денот треба да пристигнат и еден хеликоптер од Словенија, два ‘ер трактора’ од Шведска, два ‘ер трактора’ од Германија и тим од Унгарија од 46 лица со 13 возила, кои може да се движат по тешко пристапни терени“, појасни директорот на ЦУК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Илинден и Кисела Вода
ЕВН извести дека денес без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.25 до 15.30 часот, корисниците од улиците број 10, 513, 517, 529 и 532, како и објектите на фабриката Хавеп и Агрома во село Марино. ( општина Илинден )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Томе Арсовски и ул.474.( општина Кисела Вода )
Македонија
Променливо облачно со дожд и снег на планините, од утре стабилизирање на времето
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови од земјата. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, а попладне врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од 2 до 6 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд во претпладневните часови и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Од петок следува стабилизирање на временската состојба. За време на викендот, а особено во првите денови од следната седмица, утрата ќе бидат ведри и студени, со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нулата.
Македонија
Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово
Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми затворската казна од една и пол на по три години. Истовремено е зголемена и паричната казна што треба да ја плати обвинетото правно лице – ЈЗУ Клиничка болница Тетово.
Осудените директори Фљорин Бесими и Артан Етеми се огласени за виновни за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“. Судот оцени дека изречените санкции соодветствуваат на тежината на делото и последиците.
Во пожарот во Модуларната болница во 2021 година загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти кои се лекувале од Ковид-19, и двајца роднини на хоспитализираните.

