Македонија
„Времето на Ахмети заврши“: „Вреди“ прогласи победа во повеќе општини

Со слободен глас и чиста совест граѓаните ставија крај на ерата на една измама и страв отворајќи го патот за нова чесна и одговорна политика, истакнаа од коалицијата „Вреди“.
Во повеќето општини во земјата првите резултати покажуваат широка поддршка за визијата на „Вреди“, за работа, развој и одговорност. Албанците правилно ја прочитаа нашата одоворност и дадоа јасна порака дека повеќе не веруваат во старите приказни на политиката на старв и измама. Со месеци Али Ахмети, Арбен Таравари и Зијадин Села се обидуваат да ги држат Албанците како заложници со нивниот трик на референдумот кој им служеше за политички опстанок. Тие се обидоа да го претворат стравот во кауза, измамата во патриотизам а паниката во политика“.
Албанците веќе не веруваат во стравот како политичка алатка, велат од коалицијата и нагласуваат дека „Вреди“ победи во првиот круг во Чаир, Сарај, Боговиње, Теарце, Желино и Арачиново.
„Во вотриот круг како победници влегуваме во Тетово со многу јасна победа, во Дебар, Брвеница, Долнени и во Струга. Албанците ја испратија најмоќната порака на овие избори. Времето на Али Ахмети заврши. Еарата што ја држеше надежта на Албанците како заложник заврши а започна нова страница, политика на луѓе кои работа, слушаати кои не заплашуваат“, порачаа од „Вреди“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Центар денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на блокот згради од булеварот Партизански Одреди бр.17, кон улицата Максим Горки, општина Центар.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 20 степени

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Во среда ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ одат во втор круг за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и Левица имаат најмногу гласови и во Советот

Кандидатите за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ ќе се соочат во вториот круг од локалните избори што ќе се одржи на 2 ноември.
Според податоците на Државната изборна комисија, од пребројани 91 отсто од гласовите, во водство е Орце Ѓорѓиевски со 36,62 отсто, односно 82.155 гласови, а зад него е Мециновиќ со 13,35 проценти, односно 27.686 гласови.
Зад нив е Башким Бакиу од „Влен“ со 12,15 отсто, Каја Шукова од СДСМ со 11,52 отсто и Скендер Реџепи од ДУИ до 11 отсто од пребројаните гласови.
ВМРО-ДПМНЕ и Левица доминираат и во Советот на Град Скопје. Според официјалните податоци од ДИК, ВМРО-ДПМНЕ во Советот има 35,46 отсто од гласовите, а зад нив е Левица со 12,04 проценти.