Македонија
Беса: Груби и Ахмети не знаат кој пат да го изберат, па бараат помош од Еди Рама
„Линијата помеѓу тоа да се биде корисен во тесна ситуација, од една страна, и да се користи таквата ситуација во своја полза, од друга, е многу тенка, затоа внимавајте! Артан Груби, но и Али Ахмети, секогаш кога се наоѓаат на раскрсница и не знаат кој пат да го изберат, односно како да се справат со моментната состојба во Владата, тие бараат помош од Еди Рама или кусо кажано – го употребуваат албанскиот премиер за да им помогне да излезат од кризата“, се вели, меѓу другото, во соопштението од Движењето Беса.
Од таму посочуваат дека „Артан Груби и Али Ахмети, не знаејќи како да се извлечат од оваа политичка ситуација создадена во Северна Македонија, наводно иницирале средба со албанскиот премиер, уште еднаш користејќи го неговиот авторитет за да ги извлече од калта во која се потопени две децении“.
„Токму ова е причината што Движењето Беса и Билал Касами нема да седнат на маса со оние што не успеваат да ја водат државата на прав пат. И сега, наместо да излезат пред народот да се извинат и да распишат предвремени избори, тие повторно бараат помош од Еди Рама. Ние пред шест години присуствувавме на состанокот со Еди Рама, каде што ветивме дека ќе спроведеме некои точки од интерес за Албанците во Северна Македонија, но овој договор никогаш не ја виде светлината на денот. Затоа што вака одлучија Артан Груби и Али Ахмети. Неколкупати баравме заедничка средба на политичките лидери, но тоа не се случи. Побаравме и објаснување за неисполнувањето на овие точки што ги ветивме, што исто така не беше разјаснето. Сега се поставува прашањето зошто е потребно повторно да седнеме со овие луѓе кога знаеме дека состанокот завршува без исполнување на договореното“, стои во соопштението.
„Многу бргу планираме средба со господинот Рама, но како сериозна партија, како партија што координира, а не како ДУИ, која средбата со албанскиот премиер ја користи за спас и лични интереси“, наведуваат од Беса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрото ведро и студено, преку ден сончево со мала до умерена облачност
Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време со ниски утрински температури. Во петок во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд во јужните делови.
Македонија
Без вода делови од скопски Карпош и Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска (среда), поради изведување на водоводен приклучок од Ф-300 мм на ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.106, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Тафталиџе и населба Нерези 09:00 часот до завршување со активностите. (општина Карпош)
-поради санирање на дефект на два затварачи од Ф-125 мм и Ф-100 мм на ул.Васил Чакаларов бб (Митрополит Теодосиј Гологанов), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Тафталиџе и населба Нерези 09:00 часот до завршување со активностите. (општина Карпош)
– поради водоводен приклучок од ф 200мм на ул Иван Козаров бр 51 без вода ке останат корисниците од следните улици Иван Козаров, Боте Ботевски, Дичо Петров, Божидар Аџија, дел од ул Георги Димитров и дел од ул Вера Јоциќ. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на интервенцијата (општина Кисела Вода).
Македонија
Без струја делови од скопски општини
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( среда ) без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром (општина Ѓорче Перов);
-Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);
-Од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од викендиците на Побожје(општина Чучер Сандево).