Македонија
Дел од универзитетските професори со поддршка за реформите во образованието
Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и членовите на работната група, денес на состанок со универзитетските професори од сите Универзитети во државата го продолжија широкиот консултативен процес за предложените реформи во основно образование.
Од МОН посочија дека низ конструктивна дискусија, во тек е презентирањето на мислењата на предлозите и сугестиите на професорите, од кои добар дел се во насока на подобрување на концепцијата.
„Овие средби се многу важни за процесот на реформи, а мислењата на универзитетските професори од различни научни дисциплини се добредојдени затоа што верувам дека сите заеднички ќе создадеме квалитетни промени во нашето образование. Посебно важно ќе ни биде мислењето на професорите од научните дисциплини кои се вклучени во наставата и тие ќе ги пишуваат наставните програми”, рече министерката Царовска.
Мимоза Ристова професорка на Природно-математичкиот факултет во Скопје вели дека со реформата се создаваат генерации кои се воспитуваат во духот на мултикултурализмот и размислуваат критички.
„По 30 години некој се најде да го подобри системот. Имаме системска грешка која се провлекува низ неколку влади до сега, а точно е детектирана грешката. Оваа влада се нафати да ја исправи грешката. Мислам дека реформата мора да оди брзо и да го покренеме системот на подобро“, рече професорката Ристова.
Емилија Петрова-Ѓоргева, деканка на Педагошкиот факултет на факултетот „Гоце Делчев” во Штип, рече дека предложената концепција е подготвена врз основа на анализи и ставови на наставниците и нејзината примена во образованието ќе ги даде посакуваните резултати.
Дејан Илиев, професор на Педагошкиот факултет при УКЛО – Битола, даде поддршка на реформските процеси.
„Образованието е жива материја. Растеме со него и целиот живот нè следи. Јас сум за реформите коишто се случуваат. Дајте сите да дадеме придонес ова да заживее“, рече професорот Илиев.
Фабви Османи, професор и декан на Педагошкиот факултет од Државниот универзитет во Тетово, вели дека целосно се согласува со интегрирањето на предметите затоа што сега имаме повторување на исти содржини во различни предмети.
„Сите сме свесни дека треба да се реформира образованието. Знаеме дека образованието бара нов приод. Самата концепција го поврзува училиштето и научната јавност која се занимава со оваа проблематика. Лично не се согласувам со отфрлање на концепцијата. Сите знаеме какви се резултатите од тестирањата и дека треба да се смени, но кога ќе се смени, ако даваме отпор”, вели Османи.
Славчо Димитров, асистент на факултетот ФОН, истакна дека концепцијата е за поздравување и дека не треба да има одложување на овој процес.
„Се за поздравување реформите и во нив треба да се вклучат сите. Јасно и недисмислено во концепцијата е тоа што учениците конечно се ставаат во фокус на образованието. Со интегрираните предмети македонското образование ќе влезе во развиените системи. Овој процес е почнат и мора да истера.Јас сум шокиран дека во 21 век зборуваме и отвораме дискусии за концепцијата. Оваа концепција мора да помине и да истераме до крај”, рече Димитров.
Снежана Христова, професорка на „Американ колеџ”, рече дека ова е огромен чекор за почит и за пофалба.
„Со концепцијата за првпат имаме визионерски пристап во образовните реформи. За поздравување е дека по многу години се прави сеопфатна концепција и за тоа за првпат се споменуваат резултати од учење. Мислам дека концепцијата е добро поставена, но треба да се внимава на имплементацијата, односно да се постават приоритети. Сметам дека фокусот треба да се стави на јазичноста и математичката писменост и на развој на когнитивните вештини кај децата”, рече Христова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре и задутре во Тетово поради предизборни митинзи
СВР Тетово информира дека поради одржување на митинзи на политичките партии во рамки на предизборната кампања во следните два дена (недела и понеделник) ќе има посебен сообраќаен режим во центарот на градот.
– Ќе се воведе посебен режим на сообраќајот и тоа по булевар „Илирија“од влезот на Тетово сè до плоштадот, односно кружниот тек со булевар „Илинденска”, при што нема да се дозволува паркирање на возилата низ булеварот. Исто така, за време на митинзите сообраќајот ќе биде пренасочен по другите улици, и тоа по улиците „ЈНА“, „Тодор Ципоски-Мерџан”, „Јане Сандански“ и улица „Никола Тесла“, се вели во соопштението на СВР Тетово.
Отттаму со апел возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.
Македонија
Ковачевски: Имаме задача да не се откажеме од европскиот сон за подобра и просперитетна држава за идните генерации
„Нашата генерација има задача да не се откаже од европскиот сон на земјата и да направи сè за Македонија да стане рамноправна членка на Европската Унија“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на митингот на Коалицијата за европска иднина во Кичево.
Ковачевски истакна дека денеска кога чествуваме 121 година од смртта на македонскиот револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев, важно е да се потсетиме дека низ историјата нашиот народ не се откажувал дури ни пред најтешките предизвици. Порача дека 8 мај е нов историски крстопат, денот кога сите прогресивни и демократски сили во државата треба да одлучат државата одлучно да продолжи на патот кон Европската Унија.
„Само така ќе изградиме подобра и просперитетна држава за идните генерации. Држава со европски животен стандард, европски вредности, европски правила на игра“, рече Ковачевски.
Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел и ќе можеме да се збогуваме од ЕУ, истакна Ковачевски.
„Не смееме да ја повториме грешката од минатото и да дадеме преголема моќ во рацете на десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ. Уште се свежи раните што ѝ ги нанесоа на државата за време на нивното 11-годишно владеење на Македонија. Сетете се на заробените медиуми, замолчените вработени во јавниот сектор, натепаните студенти во библиотеките и плоштадите. Сетете се на милионите потрошени за жални врби, лажен барок, евтин стиропор само за да се богатат поединци од ВМРО – ДПМНЕ“, истакна Ковачевски.
Лидерот на СДСМ пред граѓаните на Кичево најави повисоки плати и пензии, пакети за поддршка на учениците и студентите, одговорна социјална политика и одлучна борба против криминалот и корупцијата.
Македонија
Проданоски: Експресниот пат Градско-Прилеп ни од далеку не е готов, да ставиме крај на лагите на СДСМ на 8 мај
Тука сме на лице место за да ги разобличиме лагите кои што СДСМ се обидуваат да ги пласираат до јавноста, рече Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
– Овде во Дреновската клисура каде што сме на самиот старт на почетни градежни активности, а за кои што слушнавме дека во 90 % експресниот пат е завршен. Овие се истите лаги исто како оние на почетокот на нивниот мандат кога Фејсбук и Гугл чекаа на граница, истите лаги како фабриката за автомобили во Тетово. Но, македонските граѓани треба да видат и да знаат дека овде на ова место е сам старт на почеток на градежни активности, а не е видлив ниту крајот на она како што тие сакаат да го пласираат. Да не зборувам тука и за третата фаза од експресниот пат за која што има обезбедено средства и за која што можеше исто да биде завршена ако не беа платени пеналите кон компанијата на која што и се бараше рекет за да остане да го гради автопатот и се изгуби значително голем период од изградба на патот и барање на друга компанија, рече тој.
На лагите од СДСМ им нема крај, овие лаги мора да завршат, затоа на 8-ми мај ве повикувам сите да заокружите број 2 за да и ова автопатско решение биде завршено и биде ставено во функција на секој граѓанин на Република Македонија, додаде Проданоски.