Македонија
Делови од Центар и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од ул. Ѓорѓи Скрижевски (Општина Центар)
· од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од ул. Патрение Зографски, од раскрсницата со ул. Рилски Конгрес до раскрсницата со ул. Тодор Александров. (Општина Центар)
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Дрисла“ со години е извор на загадување и здравствени проблеми за граѓаните: Меџити го најави почетокот на изградбата на заштитната ограда околу депонијата

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес ја посети депонијата „Дрисла“, каде што го најави почетокот на работите за изградба на заштитна ограда околу депонијата, проект со кој се реализира барањето на жителите на селото Батинце за заштита од кучињата скитници и расфрланите отпадоци.
Меџити, во придружба на претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, изјави пред медиумите дека уште од првиот ден од преземањето на функцијата министер за животна средина се соочил со еден од најголемите предизвици на главниот град, лошото и неорганизирано управување со депонијата „Дрисла“ но нагласи дека со овој проект започнува нова фаза на нејзино уредување и контрола.
„Оваа депонија со години претставува извор на загадување и здравствени проблеми за граѓаните и била предмет на бројни реакции од жителите на околните населби, особено од Батинце. По неколкуте средби што ги имав со нив, ветив дека ќе преземеме конкретни мерки, и денес работите веќе започнаа“, рече Меџити.
Министерот потенцираше дека со овој проект се зајакнува физичката заштита на просторот и се преземаат одржливи мерки за заштита на јавното здравје и животната средина.
Со средства обезбедени од Министерството за животна средина, во вредност од 9 милиони денари, ќе се изгради ограда долга 4.800 метри и висока 1,5 метри, поставена на 1.500 метални столбови, со двојна бодликава жица и бетонски темели, со што ќе се оневозможи неовластен влез и ќе се намали загадувањето, според најавите.
„Депонијата ‘Дрисла’ има стратешко значење за целиот регион на Скопје. Во соработка со Град Скопје и надлежните институции, ќе продолжиме да инвестираме во нејзина модернизација и трансформација во современ центар за рециклирање на отпадот,“ изјави Меџити.
Македонија
(Видео) Шукова: Проблемот со водата во Скопје мора системски да се реши, не со привремени зафати

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска на прес-конференција зборуваше за проблемот со недостиг на вода во повеќе делови од Скопје, особено во повисоките зони. Таа посочи дека загубите на питка вода во системот се алармантни и дека потребен е сериозен, системски пристап.
„Проценките се дека околу 60 проценти од питката вода се губи во системот за водоснабдување. Дел од загубите доаѓаат поради застарената инфраструктура која со години не е одржувана,“ изјави Шукова.
Таа нагласи дека во рамки на проектот за БРТ-системот ќе се отвори дел од главната водоводна линија, при што ќе се направи целосна анализа на состојбата и ќе се преземат конкретни мерки.
„Ќе направиме увид во критичните точки и ќе видиме каде најмногу се губи водата. Имаме снимки и податоци од минатите години, но досега никој не ги спровел на дело,“ рече Шукова.
Што се однесува до техничките загуби, истакна дека постојат и проблем со диви приклучоци и ненаменско користење на водата за пиење.
„Тоа мора да престане. Ќе обезбедиме контрола, санација и модернизација на мрежата – за стабилно и правично снабдување со вода за сите граѓани на Скопје,“ додаде таа.
Македонија
Утре без вода дел од Општина Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( четврток ) поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул. Пиринска бр. 45 во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Ленинова и Чедомир Миндеровиќ. ( општина Центар )