Контакт

Македонија

ДЗС не е детективска служба да открива нелегални објекти, ги има околу 100.000, рече Шабан Салиу и тврди дека немал ништо со „Пулс“

Објавено пред

Актуелниот министер без ресор, Шабан Салиу, обвинет за трагедијата во кочански „Пулс“ како директор на Дирекцијата за заштита и спасување во периодот од 2008-2017 година, заедно со двајцата негови бранител денес нешто повеќе од еден час даваше воведни зборови во судницата во Идризово. По неговите адвокати Димитар Дангов и Шенај Осмав, Салиу  ја искористи можноста да ги дополни воведните зборови и кажа дека обвинението против него се темели на претпоставки место на докази оти во деветте години додека бил директор на Дирекцијата за заштита и спасување до него не стигнал никаков документ за мислење или согласност ниту пак претставка од кого било поврзана со безбедноста на „Пулс“. Обвинението смета дека е поднесено под притисок на јавноста и заткулисни политички игри и монтажи.

dobivaj vesti na viber

„Во текот на постапката ќе докажеме дека обвинението против мене не е основано. Обвинението е изградено врз претпоставки  ’можел да знае’ , ’ требало да знае’, ’можеби имал обврска’ и слично“, рече Салиу.

Најави дека во текот на постапката ќе докажат колизија на која се заснова обвинението во врска со директорите на ДЗС кои се обвинети, а нема обвинет директор на Државниот пазарен инспекторат, институција која според Салиу има директни надлежности поврзани со дискотеката.

„Републичкиот јавен обвинител направи преседан кога на прес-конференција се произнесе дека нема одговорност за директорот на Државниот пазарен инспекторат употребувајќи го член 11 од Законот за инспекциски надзор, дека одговорност имаат само инспекторите. Според оваа теза, што ја сметам за правилна, зошто по аналогија, автоматизам, не важи и за директорите на ДЗС“, рече Салиу.

За делот од обвинението во кој се вели дека „директорите на ДЗС иако биле свесни дека поради нивното несторување може да настапи штетна последица, се согласиле со нејзиното настапување“ Салиу ја спомена Баба Ванѓа .

„Бог да чува. Значи обвинет сум за евентуална умисла дека јас уште во 2012 година па се до 2017 година сум бил свесен и сум знаел дека ќе се случи настанот на 16 март 2025 година. Ова за волја на вистината не може ни Баба Ванѓа да станела од гроб да го предвиди, а камо ли јас како обичен човек.“, рече Салиу.

Тој воведниот говор го искористи да коментира и за вчерашната собраниска анкетна комисија за трагедијата во Кочани и да се брани дека на судење не доаѓа со службен автомобил.

„Почитуван суде, останува на вас да веруваме во објективно судење и неселективна правда. Судење не под притисок на политиката и јавноста, порталите и медиумите. Пример за тоа е вчерашната седница на анкетната комисија каде го злоупотребуваа и моето име и мојот статус бидејќи јас наводно доаѓам тука со службена кола и доаѓам на овие рочишта што не е вистина. Тоа го зборува некоја Петрушова и некој пратеник Апасиев. Срамота е во една ваква постапка мене да ме обвинуваат уште неосуден. Тоа може да се види и од камерите дека не е вистина“, се бранеше Салиу.

Неведе уште една изјава на републичкиот обвинител која смета дека содржи правен основ врз кој тој може да биде ослободен, а се однесува на потврдата дека за постоењето и работењето на „Пулс“ ДЗС никогаш не била известена.

„ДЗС не е детективска служба да открива, пронаоѓа нелегални објекти, дивоградби, нерегистрирани согласно законите кои можеби низ селата и градовите на нашата држава ги има во поголем број, а надлежноста е на други органи и институции. Отприлика, според некои мои информации ги има околу 100.000 во нашата држава. Ќе докажам дека системската одговорност не може да се префрли на еден човек“, рече Салиу и по кој знае кој пат повтори дека Дирекцијата не знаела за објектот, тој не знаел за објектот и затоа не може да има вина за пожарот.

Сали побара и тој и сите директори на ДЗС да видат ослободени оти во идентични ситуации други директори на други институции не се гонат.

На крај од обраќањето кажа дека целиот живот го посветил на државата, на институциите, не бил казнуван со исклучок на една казна за брзо возење, немал кривична мерка и секогаш работел чесно.

„Да бидам обвинет за нешто што не сум можел да го знам, ниту спречам е болка која тешко се носи но верувам дека судот ќе одлучи правично врз основа на факти и докази и закон“, рече Салиу.

Обвинението уште еднаш го нарече несериозно, неодговорно и незаконско и политички мотивирано со цел да биде незаконски осуден и на него и на неговото семејство да им се причини огромна штета.

Судењето продолжи со одбраната на Аднан Џафероски, директор на ДЗС во периодот од 2017 до 2020 година, а неговата бранителка Сузано Јошевска-Анастасовска кажа дека обвинението за Џаероски е „промашена адреса за кривична одгворност“.

Македонија

Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)

– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност

Објавено пред

Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Времето во наредниот период

Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално

Објавено пред

Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет30 минути

Трамп: Поканети сме на состанок во Европа, на кој би учествувал и Зеленски

САД се поканети на состанок во Европа овој викенд, каде што се очекува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави вчера...

Свет34 минути

(Видео) Американците упаднаа на танкер кај Венецуела, објавена е снимка: „Транспортираше нафта“

САД запленија танкер за нафта крај брегот на Венецуела, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, со што се ескалираа тензиите со...

Македонија12 часа

Градот Скопје обезбедува сопствен стан, шелтер центар за заштита на жртвите од родово базирано насилство

На денешната седница на Советот на град Скопје беше донесена одлука со која се отвора можност еден стан во сопственост...

Свет12 часа

Зеленски: Го финализираме мировниот документ што наскоро ќе им го претставиме на Американците

Претседателот на Украона, Володимир Зеленски вели дека земјата го финализира мировниот документ од 20 точки и ќе го претстави на...

Македонија13 часа

Пазарот на недвижности расте – Аеродром со најмногу склучени купопродажби во првата половина од годината

Пазарот на недвижности во земјава во првите шест месеци од оваа година бележи зголемена динамика, а гледано на територијата низ...

Топ14 часа

Скопјанец го онесвестил брата си со дрвена ногарка по глава и си легнал да спие, ОЈО го гони за обид за убиство

Скопското Обвинителство, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против едно лице, за обид за убиство врз неговиот брат. Обвинетиот 37-годишник,...

Топ15 часа

Уапсени 12 лица од Скопје, купувале оружје и муниција од Косово, го криеле во Сингелиќ и Брест

По неколкумесечна предистражна постапка, денес во раните утрински часови, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија16 часа

ДЗС не е детективска служба да открива нелегални објекти, ги има околу 100.000, рече Шабан Салиу и тврди дека немал ништо со „Пулс“

Актуелниот министер без ресор, Шабан Салиу, обвинет за трагедијата во кочански „Пулс“ како директор на Дирекцијата за заштита и спасување...

Македонија17 часа

Тројца бугарски државјани осомничени за неовластена трговија со македонски народни носии

Основното јавно обвинителство Битола отвори против тројца бугарски државјани, жители на Пловдив, поради основано сомнение дека вршеле кривично дело неовластена...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Ќе се повлечам од политиката ако Филипче најде и еден мигрант, во спротивно да се извини јавно

„Граѓаните треба да знаат каква е состојбата, СДСМ нема тема, притисокот е голем за Венко Филипче однатре и однадвор да...

Македонија19 часа

Kривична пријава против Оливер Спасовски: како министер за внатрешни работи ги злоупотребил положбата и овластувањата

Вчера, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против О. С. (49) од Куманово...

Македонија19 часа

(Видео) Филипче: Мицкоски за пари прифаќа мигранти, нема да има шатори, но ќе има социјални станови

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција повторно рече дека е повеќе од очигледно дека постои...

Топ21 час

Кривична против директорка на градинка во Кочани: вработила негувател без лиценца

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против 51-годишната Ј.Е. од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија21 час

Одбраната на министерот Шабан Салиу, обвинет како поранешен директор на ДЗС, ќе даде воведни зборови, ново судење за „Пулс“

Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, каде што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, продолжува денес во...

Македонија22 часа

Уште 10 дена за аплицирање за ваучери за ИТ-уреди, известува Министерството за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација известува дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери. Досега се доделени вкупно 42.606...

Свет23 часа

„Европа го подготвува својот крај“: турски аналитичар предупредува на погрешни стратешки процени од Брисел

Политиката на Брисел за „исцрпување“ на Русија не само што не ги даде очекуваните резултати, туку, доколку продолжи, може да...

Европа24 часа

ЕУ се согласи да ги намали емисиите за 90 отсто до 2040 година

Европската Унија постигна правно обврзувачки договор за климата со кој емисиите на стакленички гасови ќе се намалат за 90 проценти...

Регион24 часа

Вучиќ сака Западен Балкан заедно да влезе во ЕУ; Црногорскиот премиер: Ќе ве чекаме таму

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, изрази делумна согласност со предлогот на српскиот претседател целиот Западен Балкан да се приклучи...

Европа1 ден

Шефот на украинската армија: Држиме дел од Покровск, но моравме да повлечеме дел од војската

Украинските трупи држат делови од опколениот град Покровск од средината на ноември, но на некои единици им е наредено да...

Свет1 ден

Папата го критикува Трамп за коментарите за Европа

Папата Лав вчера по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски им изјави на новинарите дека Европа мора да игра централна...