Македонија
Единствена Македонија: За која интеграција во ЕУ, кое немање алтернатива и за кои европски вредности зборува СДСМ
Цел месец партијата СДСМ повторува исто соопштение за наводен избор меѓу интеграција во ЕУ или изолација, за наводни европски вредности и маводно немање друга алтернатива за иднината на земјата, соопшти денес Единствена Македонија.
– За која интеграција во ЕУ зборува СДСМ кога Брисел кажува дека нема план за проширување туку само план за реформи во земјите кандидати или со други зборови нема интеграција за Македонија во Унијата. За кое немање алтернатива зборува СДСМ кога светот е многу поширок и не завршува до Брисел. За кои европски вредности зборува СДСМ кога земјата плива во безаконие, криминал, корупција, непотизам и национално предавство,- се вели во партиското соопштение.
Од партијата го повикуваат СДСМ „да не се глупира на отворена сцена и престане да го вознемирува народот со безлични соопштенија во стилот на расипана стара грамофонска плоча“.
Единствена Македонија ветува дека веќе после следните избори кога и да се одржат ќе знаеме за интеграција, за алтернатива и за вистинските вредности кои ги очекува и бара македонските народ и државјаните на Република Македонија, стои во соопштението испратено до јавноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нестабилно време со дожд и грмежи до среда
По врнежите и невремето по кое во текот на ноќта полавени беа подруми во Охрид, од УХМР најавуваат дека до среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи.
Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок.
Температурите ќе бидат без значителна промена.
Македонија
Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја
Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, без струја во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците на дел од село Долно Лисиче, реонот околу чаталот, ул.10 во општина Аеродром, од 10:30 до 14:30 часот дел од улица 16, на патот кон Визбеговово општина Карпош, а од 13:00 до 14:30 часот објектите на градинката Росица, на ул.„Мечкин Камен“, бр.45А. во општина Ѓорче Петров.
Македонија
Скопските и тетовските пожарникари гасеа три огнови на отворено, соопшти ЦУК
Во изминатото деноноќие Центарот за управување со кризи информира дека биле евидентирани три пожари на отворено.
Регионалниот ЦУК Скопје соопштил дека БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имала две помали интервенции поради запалено ѓубре и тоа на ул. „Ферид Заири“ во Општина Чаир и кај Езерото Треска во Општина Сарај.
Регионалниот ЦУК Тетово известил дека ТППЕ Тетово имала една помала интервенција поради запалена ниска вегетација кај село Чифлик во Општина Желино.
Центарот за управување со кризи соопшти дека изминатите 24 часа имало вкупно 1.491 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 62,84 отсто, а 37,16 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон полиција биле упатени 63,18 отсто, кон итната медицинска помош 29,09 проценти, кон пожарникарите 2,73 отсто, a кон АМСМ 1,36 отсто од повиците кон бројот 112.