Контакт

Македонија

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Објавено пред

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, и дополнителниот заменик-министер, Митко Бојмацалиев, во говорите уште еднаш покажаа дека поинаку гледаат на состојбите во македонската полиција. Бојмацалиев, кој говореше прв, а го слушаа само првите неколку редови гости и полицајци оти голем дел од столчињата беа празни, смета дека полицијата е модерна и европска. За разлика од него, техничкиот министер Тошковски го шокирале условите во кои работат полицајците.

dobivaj vesti na viber

„Овој празничен момент не е време да држиме долги политички говори, туку да се осврнеме на клучното во полициската професија, а тоа се нашите колеги, полициските службеници, кои секојдневно посветено и неуморно ги извршуваат своите службени задачи. Им оддавам признание на колегите што не се со нас, вечна им слава. Северна Македонија е прогласена за најбезбедна земја на Западен Балкан од страна на глобалниот индекс за мир бидејќи вложувавме во развојот на модерна и европска полиција. Вложивме 17 милиони евра во подобри услови и изградба на полициски објекти, 14 милиони евра за нови униформи  и опрема, ја покачивме платата 35 отсто и ги исплативме сите бонус плати. Единствено, жалам што немавме кога да издадеме уште една монографија за периодот 2022 – 2024 година бидејќи во тој период се реализираа многубројни достигнувања за државата и полицијата. Благодарам од срце за сите убави моменти од 2017 до денеска. Со гордост можам да кажам дека успеавме МВР да го направиме МВР за граѓаните. Уверен сум дека создадовме одлични услови за полицијата да остане непоколеблив бедем за заштита“, рече Бојмацалиев.

Веднаш по него, техничкиот министер Тошковски, заблагодарувајќи им на полицајците, кажа дека работат во недостоинстевни услови.

Ни најмалку не очекував дека ќе се соочам со толку недостоинствени услови за работа на припадниците на полицијата, рече техничкиот министер Тошковски

„Утре навршуваат 100 дена од моето раководење со оваа значајна институција, 100 дена макотрпна работа, во кои го дадовме најдоброто од себе за да им служиме на граѓаните. Кога ја добив честа да бидам назначен на оваа позиција во рамките на техничката Влада, знаев дека ме очекува напорна задача и знаев дека сум исправен пред тежок и сериозен предизвик, но ни најмалку не очекував дека ќе се соочам со толку недостоинствени услови за работа на припадниците на полицијата, а истовремено и дека ќе сведочам на толку неизмерна желба меѓу нив за професионално и чесно да си ја вршат својата должност и да им помагаат на оние на кои тоа им е најпотребно. Краток период, би рекол, но сметам дека е и повеќе од доволен за да увидам одблиску дека во полициските редови сѐ уште има чесни луѓе, луѓе што си ја сакаат татковината и луѓе што работат за нејзино добро“, рече Тошковски.

Свеченоста почна со празни столчиња

Тој е задоволен што под негово водство полицијата успеала да обезбеди фер и демократски избори. Најави нова ера во Министерството, каде што унапредувањето ќе се врши исклучиво врз основа на мерит-систем, а платите ќе го одразуваат непроценливиот придонес што го даваат полицајците за општеството.

„На истекот на овие 100 дена научив една многу важна лекција, која се надевам дека ќе одекне меѓу сите вас што сте тука денес. Можеби хероите во филмовите носат наметки, но хероите од нашата реалност носат полициски униформи“, рече техничкиот министер за внатрешни работи, Тошковски.

Тој им врачи благодарници и плакети на најдобрите полицајци, а присутните проследија и прелет на три полициски хеликоптери.

Македонија

„Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата. Жената која чувствуваше исполнетост во спроведувањето политички нарачки преку драконски казни за политичките конкуренти беше најголемиот срам за позицијата претседател на Уставниот суд во неговата историја“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Дојде на функцијата како награда за казните за 27 април, без докази. Со посрамената Рускоска беа двоецот кој ќе биде запишан на црните страници на македонската историја.

Цело време служеше и како судскиот портпарол на СДС и ДУИ.

Таа е првиот и последен Уставен судија избран откако претходно истиот суд пресудил дека прекршиле уставни одредби. Така функционираше пупка судството во кое Кацарска беше еден од главните извршители“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Црвена Младина: Директорот е глув за безбедноста на студентите во „Стив Наумов”

Објавено пред

„По веста и фотографијата со змија приклештена на вратата од мензата на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Автокоманда, како и изјавата на директорот на домот, Виктор Велевски дека треба да се одржува теренот околу домот затоа што не само студентите туку во опасност се и жителите од тој дел на Скопје, активисти на Црвена Младина беа на терен да ја проверат состојбата“, известуваат преку соопштение од младинското движење на Левица.

dobivaj vesti na viber

„И покрај фалбите на директорот денешната состојба на терен покажува нешто друго. Тревата утрово делумно е искосена, но само пред мензата и пред управителската барака. Поголемиот дел од тревиштата во студентскиот дом се оставени на студентите сами да се борат со ѕверките во Стивските степи.

Имено, овој проблем е повеќегодишен и претходно се имаа појавено змии во бараките каде што студентите престојуваат. Но и покрај тоа што ваквата состојба е позната на раководството во делот каде што живеат студентите тревата сѐ уште не е искосена и постои голем ризик змиите и таму да се појават.

Црвена младина го прашува раководството на студентскиот дом дали ќе чека да се појават змии и кај бараките за да биде расчистен теренот од непроодни треви?“, се додава во соопштението на Црвена младина.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВЛЕН: Зошто Ахмети заедно со Апасиев го бојкотираше изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието

Објавено пред

„За новата влада на Република Северна Македонија преговараат и новата влада ќе ја сочинуваат победникот во македонскиот блок со победникот во албанскиот блок. ВЛЕН, како коалиција на обединетата албанска опозиција, на изборите од 8 Мај се потврди како носител на етничкиот легитимитет на гласачите Албанци“, велат од ВЛЕН.

dobivaj vesti na viber

„Од самото формирање, ВЛЕН говори со факти, а не со политички флоскули. Затоа, денес клучната дилема која се поставува е: кој е вистинскиот Али Ахмети? Дали оној кој говореше не за Русија – да за Европа, или овој кој плаче што не е во коалиција со оние кои ги обвини дека се антизападни? Дали ВЛЕН се вазалите или Ахмети, Груби и Османи се вазалите кога одлучија да не го поддржат Арбен Таравари за заеднички претседателски кандидат на Албанскиот народ? Во чие име Ахмети одлучи спротивно на интересите на ЕУ и САД да го бојкотира вториот круг на претседателските избори? Дали за Ахмети интересите на Албанците се важни само кога ДУИ е власт?

Зошто Ахмети заедно со Апасиев го бојкотираше изборот на Африм Гаши за претседател на Собрание со значително мнозинство од 76 пратеници?

Додека Ахмети не одговори на овие прашања ќе остане впечатокот дека единственото за што се грижи е како да ги спаси своите своите корумпирани досегашни функционери од одговорност. Ахмети треба да ја прифати реалноста. Одамна веќе нема право да се обидува да го монополизира ЕУ процесот како и процесот на унапредување на етничките права на Албанците во Република Северна Македонија. Уставните измени се еден од најважните приоритети на ВЛЕН, тргнувајќи од внесување на Бугарите во Уставот како услов за продолжување на ЕУ перспективите, бришење на срамната формулација 20% и промена на изборниот модел за шеф на државата.

Имајќи во предвид дека ова се иницијативи за кои треба висок степен на консензус, ВЛЕН во процесите влегува со цел истите да се остварат, а не како до сега, да служат само како восочни фигури со многу шминка а малку содржина. Изборот на Африм Гаши за Претседател на Собранието е добра основа промените да се случат со добра воља и искрен пристап да се прифати реалноста. Апелираме до ДУИ да се однесува како одговорна опозиција и заради лични и теснопартиски интереси да не ги жртвува ЕУ перспективите на Северна Македонија. Вчера започна ново поглавје во политичкото дејствување на Албанците во Македонија.

Старата корумпирана политичка коњуктура народот со глас ја замени со нова генерација на образувани, одговорни, отчетни, транспарентни и професионални политички претставници. Времето на политички шарлатанизам и таканаречени „големи„ идеи и изминато. Не е ништо страшно да се биде опозиција. Нека се реформира ДУИ и наместо со гласовите на други етнички заедници и изборни манипулации, нека се обиде да се легитимира помеѓу Албанскиот народ со нови кадри!“, се наведува во соопштението на коалицијата ВЛЕН.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Општина Карпош: Не користите ги услугите на лунапаркот, кој е монтиран без безбедносните сертификати, а нема ни одобрение за работа

Општина Карпош објави дека за разлика од другите надлежни институции, иако има минимални надлежности, води постапка против дивопоставениот лунапарк кај...

Македонија3 часа

Ахмети: Неприфатливо е коалицијата што освоила помал број мандати да стане дел од владата

Остра критика од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој во име на „Европскиот фронт“ ги обвини албанските политички субјекти, кои...

Македонија4 часа

Успеавме да го надминеме секој тест на издржливост, рече Кацарска на крајот од мандатот

Со непоколеблива посветеност и истрајност го зачувавме достоинството на Уставниот суд. Успеавме да го надминеме секој тест на изджливост и...

Македонија4 часа

Дневницата на странските експерти на Кардиохирургија не е 700 евра, како што вели Демири, туку не повеќе од 150 до 200 евра, уверува Шокаровски

Странските експерти ангажирани за помош и надгледување на работата на Клиниката за кардиохирургија државата не ги плаќа 700 евра дневно,...

Топ5 часа

Со мотоцикли прегазени тројца пешаци во Македонија – жена загина, а дете е повредено во училиштен двор

Тројца пешаци вчера биле прегазени oд мотори на улиците низ државата. Според информациите од МВР, 68-годишна жена починала, кога во...

Македонија6 часа

Шокаровски: Смртноста на кардиохирургија се намалува, разрешувањата се незаконски, а 170-те пациенти не се фантоми, туку по грешка не се заведени во „Мој термин“

Смртноста на Клиниката за кардиохирургија не е зголемена, туку има тренд на намалување, нема пациенти фантоми, кои не се заведени...

Топ8 часа

Битолчанец силувал лице со трајно душевно заболување, чинот го снимал и го пренесувал во живо

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Полова злоупотреба на...

Македонија8 часа

Ќе ја замени градоначалничката фотелја и ќе биде гласот на народот: Блерим Беџети ќе дејствува како пратеник

Градоначалникот на општина Сарај и актуелен организациски секретар на ДУИ, Блерим Беџети, соопшти дека градоначалничката фотелја ќе ја замени со...

Свет8 часа

Северна Кореја ѝ испрати балони полни со измет на Јужна Кореја, стаса и предупредување: „Останете во затворено“

Северна Кореја испрати балони полни со ѓубре и измет во Јужна Кореја, јавуваат светските медиуми. Северна Кореја пуштила 90 балони...

Свет9 часа

Стејт департментот: САД жалат за трагичната загуба во Рафа, но Израел има право да го нападне Хамас

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави „длабоко жали за трагичната загуба”, што е резултат на израелскиот напад врз кампот...

Свет9 часа

Макрон: Франција е подготвена да ја признае Палестина во корисен момент

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави за време на посетата на Германија дека признанието на палестинската држава не е „табу тема“,...

Свет9 часа

Еден од шефовите на руската разузнавачка служба: НАТО подготвува нуклеарен напад, разработува сценарија

Еден од шефовите на руската разузнавачка служба, ФСБ ги обвини земјите на НАТО дека се подготвувале да извршат нуклеарни напади...

Македонија21 час

Мицотакис: Очекувам од новиот премиер изјава дека името на неговата земја е Северна Македонија и тоа ќе го користи во и вон неговата земја

„Очекувам од новиот премиер да даде јасна изјава дека го почитува Договорот од Преспа и дека името на неговата земја...

Македонија1 ден

(Видео) Џафери најави дека останува да ја извршува премиерската функција до изборот на новата Влада: Нема да учествувам во работата на Собранието

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, кој е избран и за пратеник во Собранието на Република Северна...

Македонија1 ден

Собранието го доби новиот спикер: Африм Гаши избран за претседател

Африм Гаши е избран за претседател на Собранието на Македонија. Беше изгласан со 76 гласа ,,за”, а ,,против” гласаа само...

Македонија1 ден

Собранието ги верификуваше мандатите на пратениците

Собранието во рамки на конститутивната седница со 101 глас „за“ од вкупно 117 присутни го усвои извештајот на Верификационата комисија...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова: Лентите не се многу големи, сакав да пишува РС Македонија, но немаше место

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова објасни зошто на чествувањето во Ватикан на венецот што беше положен не беше напишано името на државата....

Македонија1 ден

Димитриевски го поддржува Гаши за претседател на Собранието, поделбата на власта и министерските позиции сè уште не ги договорил

Африм Гаши има поддршка од ЗНАМ за претседател на Собранието. Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, пред почетокот на денешната конститутивна...

Македонија1 ден

Апасиев смета дека со Гаши парламентот ќе биде косоваризиран, Мицкоски коментира дека се однесува како џанак

Првиот човек на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, пред конститутивната седница денес ја отфрли можноста да го поддржат изборот на...

Топ1 ден

Во тешка сообраќајна несреќа во Делчевско загина маж

Вчера, во 12.15 часот, во Полициската станица Делчево било пријавено дека во атарот на село Драмче, Делчевско, се случила сообраќајна...